12 Мај, 2024
0.0271

НА ПОВИДОК ГОЛЕМА КОАЛИЦИЈА: Социјалистите во Германија поставуваат низа услови за Меркел

Објавено во: Свет 27 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Германските социјалдемократи (СПД) ги соопштија своите први услови за создавање на „голема коалиција во Германија“, соопшти германскиот медиум Sueddeutsche Zeitung, 

Уште во саботата, 25 ноември, канцеларката Ангела Меркел најави дека е против одржувањето на нови избори во Германија со зборовите дека тоа што политичарите не знаат што да прават со сегашните изборни резултати не значи дека луѓето пак треба да бидат терани да гласаат. Таа истакна дека сега е потребно да се „разгледа можноста за преговори со социјалдемократите“.

Sueddeut sche Zeitung пишува дека според локалната централа на социјалдемократите во Северна Рајна - Вестфалија, тие немаат повеќе намера да ја блокираат „голема коалиција“ и формулираат клучни точки, како основа за преговори. Меѓу нив социјалдемократите посочуваат повисоки пензии, воведување на осигурување на жителите и зголемени даноци на имот од голема вредност.

Во своето обраќање пред германското издание Welt am Sonntag, секретарот за семејните прашања на СПД Елке Фернер ја повика Меркел да ја открие својата позиција по социјалните политики кои ги блокираше во претходниот коалициски договор - финансирања од буџетот за дополнителна пензија за лицата со ниски пензии - како начин за "градење на доверба "помеѓу страните.

Лидерот на СПД во регионот Рајнланд-Пфалц, Александар Швајцер, исто така, поставува неколку услови. Тој побара повеќе инвестиции во образованието, домувањето и телекомуникациите, како и олеснување за задолжените лица и групи. Тој, исто така, започна сериозна дебата за социјално осигурување како предуслов за започнување на разговорите за коалиција, пишува Дие Велт.

Општо земено, Социјалдемократската партија на Германија (СДП) се однесува "со голема недоверба" ​​кон прашањето за "голема коалиција", но при тоа смета дека е потребно да пристапи кон ситуацијата "одговорно". 

Во петокот, 24-ти ноември, Социјалдемократската партија (СДП) се согласи да учествува во разговорите со канцеларката Ангела Меркел. Земјата со најмоќната економија во Европа беше зафатена од политички превирања откако прелиминарните преговори за коалиција меѓу конзервативците на канцеларката, либералите од Слободната демократска партија (СвДП) и Зелените пропаднаа.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТА ФИРМА БАНКРОТИРА ПО 113 ГОДИНИ РАБОТА! Хаос во Германија! Нивните производи ги има низ цела Европа

ПОЗНАТА ФИРМА БАНКРОТИРА ПО 113 ГОДИНИ РАБОТА! Хаос во Германија! Нивните производи ги има низ цела Европа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан