На своја иницијатива Народниот правобранител веќе отворил предмет за извидничкиот секс-камп

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2021 19:35
И Народниот правобранител ќе го истражува случајот со извидничкиот секс-камп за малолетници, кој предизвика бура реакции.
Народниот правобранител без да добие претставка, на своја иницијатива веќе отворил предмет за настанот.
„Факт е дека се работи за ученици, за деца коишто согласно конвенцијата за правата на детето и согласно законската регулатива треба да бидат заштитени од било каква злоупотреба особено кога се работи за деца на чувствителна возраст и за коишто треба особено внимание што сепак го отвара прашањето за вклучување на други органи во конкретниот случај заради обезбедување на соодветна поддршка за надминување на евентуалните трауми“, вели во изјава за „Телма“ Вваска Бајрамовска-Мустафа, заменик на Народниот правобранител.
За случајот реагираше и Детската амбасада „Меѓаши“, од каде извидничкиот камп го нарекоа масовна злоупотреба на деца и побараа надлежните да ги казнат одговорните. Обвинителството отвори предмет за случајот. За настанот, родителите на децата реагираа во медиумите.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!
