02 Мај, 2024
0.0278

На Вице Заев му пукна филмот: Ова во Ла Верита се конструкции и монтажи

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Струмичкиот бизнисмен Вице Заев, брат на лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев, реагира дека написите во „Ла Верита“, врз основа на кои ВМРО-ДПМНЕ го обвинува дека бил дел од злосторничко здружение за спроведување на изборен криминал, се стари режимски монтирани случаи. Во изјава за Фокус, тој вели доколку имало макар мала вистина во ваквите обвинувања, обвинителството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски немало да ја запре постапката и да не преземе ништо.

„Мене и јавноста ова не потсети на методите и дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиуми од едно минато време на режимот. Време на конструкции, монтажи, монтирани случаи во судството и обвинителството, јавен отстрел на семејства, неистомисленици… Време кога главна мета на најдолните измислици и монтировки беше токму Зоран Заев. Сите овие монтирани случаи и местенки, вклучително и за ова што сега очајно се повторува, издишаа како балон, затоа што за измислици не може ниту да има докази“, рекол Вице Заев.

Тој тврди дека бил постојано прислушуван за време на претходната власт на ДПМНЕ и Груевски, меѓутоа, како што истакнува, од сето тоа не произлегно ништо и затоа се им пропаднало. Воедно, Заев посочува дека изборната кражба на споменатите парламентарни избори во 2014 година не ја спровел СДСМ, туку ВМРО-ДПМНЕ, што, според него, било јасно од објавените „бомби“.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?