Над 100 болни од Ковид се лекувале со плазма од оздравени: Се бараат уште донори
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2020
Обезбедени се вкупно 129 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, информираат од Институтот за трансфузиона медицина информираат. Од нив 68 единици се преку таканаречена аферезна процедура од вкупно 30 дарители, и 59 единици се обезбедени преку стандардно дарување. Инаку, досега над 100 пациенти со Ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма, што содржи антитела против овој вирус, создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста.
„Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирус. Исто така, согласно протоколите ќе биде земен и примерок за одредување концентрација и/или титар на неутрализирачки антитела Anti-SARS-CoV-2, велат од Институтот.
Апелираат заеднички да им помогнеме на лицата кои во моментов се борат со коронавирусот и тие кои можат да донираат ковалесцентна крвна плазма.
Сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина,
Формулар за донор на COVID-19 ковалесцентна плазма: http://itm.org.mk/%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%b5-covid-19-%d0%b4%d0%b0%d1%80%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%98-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%b7%d0%bc%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d0%b0%d1%81%d0%b8/