Над 50 загинати работници во Косово за четири години
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2016
За четири години, во Косово на работното место загинале над 50 работници.
Тоа е последица на немањето на соoдветни услови при работа, a најпогодени се градежниците. Во 2012 година евидентирани се 17 повреди на работа со смртена исход, потврдуваат надлежните.
„Исто толкав број 17 е евидентиран и следната 2013 година, додека во 2014 евидентирани се девет смртни случаи и 45 повреди. Идентичен број е евидентиран и минатата година“- вели Басри Ибрахими, главен државен инспектор за труд.
Додава дека Инспекторатот јавно не ги кажува казнетите компании.
„Казнетите не ги кажуваме. Безбедноста и здравјето се наш припритет и за тоа изречени се 194 казни. Како резултат на честите контроли се намалуваат и несреќите при работа“ - кажа Ибрахими.
Според него кај сите приватни компании нема соодветни услови за заштита при работа.