28 Април, 2024
0.0261

Наградени најдобрите учеснички во „Предизвик за средношколки“, проект на ЕВН Македонија

Објавено во: Мои пари 08 Март, 2024

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија го закружи својот предизвик за средношколки „Приклучок за вештини“ со доделување награди на најдобрите учеснички, симболично на Меѓународниот ден на жената. Во овој предизвик беа вклучени ученички од 3 и 4 година од сите средни училишта кои се желни да научат повеќе,  да ги развијат своите способности во техничкиот сектор и да ги покажат своите квалитети преку разни проекти. 

Првонаградените и од тимскиот и од индивидуалниот предизвик добија парични награди од по 100.000 денари, второнаградените се здобија со нови лаптопи, а третонаградените со таблети. 

За време на настанот, на средношколките им се обрати Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер и менаџерот во ЕВН Македонија Електрани, г-дин Сашо Стојкоски.

Од пријавени 80, во проектот учествуваа над 50 ученички кои добија осум неделна платена обука за развој на дигитални вештини и беа поканети да учествуваат на обука за комуникациски вештини и вештини за соработка. Тие исто така учествуваа на работилница за ефикасно креирање содржини на веб-страници и имаа можност да се сретнат со жени менаџери, како и со вработени во компанијата. Покрај тоа, ученичките се стекнаа со дополнителни знаења за енергија, особено од обновливите извори.

За тимскиот предизвик беа формирани 8 тима од по 3 ученички кои доставија проектни веб-страници на тема обновливи извори на енергија и беа евалуирани од независен одбор за оценување, составен од надворешни експерти. Паралелно на тимската работа, 28 ученички учествуваа во индивидуалниот предизвик, во форма на квиз, на тема обновливи извори на енергија преку апликација за микроучење. 

Речиси една цела деценија, ЕВН Македонија интензивно инвестира во промовирање на родовата еднаквост во компанијата и надвор од неа. Нашата цел е да ги инспирираме ученичките да го продолжат образованието на технички науки, да ги подготвиме уште пред да излезат на пазарот на трудот, како и да поттикнеме што е можно поголемо вклучување на жените во енергетскиот сектор и на сите хиерархиски нивоа во нашата компанија.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг