02 Мај, 2024
0.8050

Најден е лекот за утринскиот мамурлак

Објавено во: Стил 18 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Научници од националната агенција за научни истражувања во Австралија, пронајдоа ефикасен лек против мамурлакот.

Тие истражувале круши и ги откриле дека тие делуваат на клучните ензими кои се вклучени во процесот на обработка на алкохолот со што го намалуваат нивото на алкохол во крвта и всушност не заштитуваат од ефектите на мамурлакот, особено губењето на меморијата и проблемите со концентрацијата.

Освен тоа, крушите го намалуваат холестеролот, ја олеснуваат тврдата столица и имаат анти-воспалителни ефекти.

За да го убиете мамурлакот испиете 220 мл сок од круша или конзумирајте го само плодот.

Но, најногу ефект би имало ако тоа го направите пред да конзумирате алкохол. Затоа, научниците порачуваат, секогаш кога знаете дека ве чека долга ноќ со многу алкохол, пред излегување од дома конзумирајте круша.