Најдобри дестинации за студентски патувања
Објавено во: Стил 22 Септември, 2017
Долгите распусти се шанса да посетите некои дестинации за кои подоцна во животот можеби нема да имате можност.
Мадрид - совршен за оние кои сакаат забава. Градот има многу барови и клубови со различни видови музика.
Словенија - за оние кои сакаат планини, езера, реки. Домаќините практикуваат да одгледуваат органска храна. Ако сакате подинамичен живот посетете ја Љубљана.
Мароко е добра дестинација за оние кои сакаат совршени предели. Земјава има од плажи до пустина. Можете да јавате камили или да се искачувате на Атлас планина.