03 Мај, 2024
0.0262

Најреномираното регионално еСпорт натпреварување - Good Game доаѓа во Скопје!

Објавено во: Мои пари 25 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Македонската престолнина Скопје за прв пат ќе биде домаќин на најголемиот регионален Б2Б eСпорт настан - Good Game кој ќе се оддржи под покровителство на Samsung.

После Загреб, Белград, Љубљана, Берлин…и Скопје на24 октомври оваа година ќе биде ставен на мапата на градови каде што ќе се одржи Good Game (https://good.game/skopje), Б2Б натпреварување каде најдобрите домашни и регионални тимови ќе ги “вкрстат силите” за да го понесат лауреатот најдобри во играта “Counter Strike: Global Offensive”.

Настанот ќе се оддржи во INNO FEIT и на него се поканети да присуствуваат сите домашни компании чии вработени би сакале да направат тим што ќе се натпреварува на официјалното натпреварување и секако, сите заинтересирани поединци кои би сакале да го проследат овој несекојдневен спектакл кој ја слави и промовира гејминг културата на посебен начин.


Влезот на настанот за посетителите е бесплатен, а  покрај следење на официјалното натпреварување на тимовите, тие ќе имаат можност да посетат и неколку специјализирани експо зони и да почувствуваат дел од иновативното и забавно искуство кое ќе им биде понудено.

Good Game натпреварувањетокое е навистина ункатен спој на гејминг, нетворкинг и тим билдинг, има и своја хумана димензија, а тоа е обезбедување поддршка на иновативни стартапи и млади претприемачи преку специјален фонд кој ќе се обезбеди од собраните средства од котизации и спонзорства на настанот.

Организатор на настанот е компанијата Good Game Global од Хрватска,која досега има организирано неколку изданија во градовите од соседството кои од тамошната публика беа опишани како  е-Спорт настани на годината. Локален партнер на настанот во Скопје е агенцијата MPG Solutions.

Повеќе информации за самиот настан во Скопје може да се најдат на официјалната веб страница: https://good.game/skopje


Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година