03 Мај, 2024
0.0282

Наместо за новогодишен рекламен материјал, ЕСМ ќе донира три милиони денари за болниците во Битола и Кичево

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Наместо да набавува новогодишен рекламен материјал Управниот одбор на АД ЕСМ одлучил оваа година тие средства да се пренасочат во помош за Клиничката болница во Битола и Општата болницата во Кичево, соопштија од компанијата.

„Конкретно, во АД ЕСМ имавме предвидено 3 милиони денари за рекламен материјал на ниво на целата компанија, и тие средства сега ќе бидат донирани за обезбедување централен довод на кислород во модуларните болници за ковид пациенти кои се градат во Битола и во Кичево. Во битолската болница комплексот ќе биде поголем, и таму се насочуваат 2.400.000 денари, а во кичевската болница потребата е 600 илјади денари.

Како АД ЕСМ проценивме дека во моментов здравството е тоа каде е најнеопходно да се помогне, и ја користам приликата да апелирам сите општествено одговорни компании да го направат истото согласно можностите, затоа што сите ние во одреден момент имаме потреба од медицинска нега. А,особено сега, кога секој еден граѓанин е загрозен” – изјави директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на потпишувањето на договорите за донација.

Директорката на Клиничката болница во Битола, д-р Билјана Гагачовска, нагласи дека помошта е добредојдена и претставува значаен поттик за сите државни и приватни компании за помош на здравството во овој период кој е тежок за сите. Исто така, директорката Гагачовска потенцираше дека битолската болница ја има целосната поддршка од Владата, Министерството за здравство и од општина Битола.

Директорот на Општата болница во Кичево, д-р Станко Трпески, изјави дека помошта доаѓа во вистински момент, со оглед на тоа што модуларната болница во Кичево веќе се поставува и дека ова е првпат да имаат централен довод на кислород во рамките на болницата.


Можеби ќе ве интересира

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник