29 Април, 2024
0.0282

Наместо за новогодишни корпоративни подароци ОКТА средствата ги пренамени за донација во кампањата Шанса за живот

Објавено во: Мои пари 21 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Компанијата ОКТА сите средства наменети за новогодишни подароци за своите деловни партнери и соработници оваа година ги пренамени во донација за кампањата Шанса за живот.

okta

„Со цел постигнување на уште поголем ефект од нашите вложувања во Интензивното одделение на Детската Клиника, оваа година одлучивме средствата наменети за корпоративни новогодишни подароци за нашите партнери и соработници, да бидат дел од последната донација на ОКТА за кампањата Шанса за живот. Задоволни сме од развојот на кампањата во изминатите две години и веруваме дека заедно со големиот број хумани граѓани и компании успеавме да направиме видливи позитивни промени на Одделот, а со тоа да им помогнеме на малите борци да го совладаат првиот животен предизвик”, изјави Марија Ставрева, менаџер за општествена одговорност и комуникации во ОКТА.

Кампањата Шанса за живот неодамна доби меѓународно признание за најдобра ООП од страна на CSR for All, проект создаден од Европската Унија, а во земјава имплементиран од страна на Бизнис Конфедерација на Македонија. На компанијата ОКТА за овој проект и беше доделена и плакета од страна на националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за Економија. Уникатноста на оваа кампања е во начинот на комуникација со кој успеа да обедини голем број на луѓе во една иста цел. Покрај директните донации од компанијата ОКТА, преку кампањата се собра значителна сума на средства од граѓани, организации и компании со кои се набави нова опрема и се сервисираше постоечката на Одделот на Интензивна нега на Детската клиника.

Можеби ќе ве интересира

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика