НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Со автомобил изгазил луѓе
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2017
Mаж со автомобил влетал во група пешаци во германскиот град Кукшавен, западно од Хамбург и повреди најмалку шест лица.
Две лица се здобиле со тешки, а четири со полесни повреди. За нападот е приведен 29 годишен возач.
Од полицијата наведуваат дека возачот бил во видно алкохолизирана состојба, но не ја исклучуваат можноста дека тој намерно удрил во пешаците.
Според некои медиуми, нападот се случил пред ноќен клуб.
Германија и другите европски земји се предупредени за можноста од терорисички напади.