11 Мај, 2024
0.0317

Направен увид во малиот групен дом каде што живееше Илче, издадена наредба за обдукција

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Од Јавното обвинителство во Кавадарци, заедно со увидна екипа од МВР, извршиле увид во малиот групен дом во селото Корешница, каде што живееше малиот Илче кој ненадејно почина. 

„Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, извршија увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа почина 11-годишно дете, штитеник на Специјаниот завод Демир Капија“, соопштија од Обвинителството.

Починатото момче беше згрижено во семеен дом пред еден месец, откако претходно беше пронајдено како целосно запуштено живее само во исклучително лоши услови во Охрид, додаваат од Обвинителството. 

Како што веќе пишуваше и Фактор, Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатото дете, во насока на откривање на причините за настанатата смрт.

Единаесетгодишниот Илче од Охрид, боледуваше од церебрална парализа, а имаше и други здравствени психички нарушувања. Во текот на летото беше напуштен од родителите, а откако беше пронајден сам во исклучително лоши услови, во тешка состојба беше хоспитализиран на Клиниката за детски болести во Скопје. По 10-дневно лекување, на 7.август беше испратен во групниот дом при Специјалниот Завод Демир Капија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија