02 Мај, 2024
0.0275

НАСА ПРЕДУПРЕДИ: На овие градови им се заканува потоп, од нив два се од Балканот

Објавено во: Балкан 18 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Топењето на ледот на Гренланд е се поголемо и посериозно, а за тоа научниците пред се го обвинуваат глобалното загревање предизвикано од човечките активности.

Иако Гренланд и Антарктикот се наоѓаат далеку од Њујорк и Лондон, топењето на мразот може да им нанесе сериозни проблеми, поточно дека нивото на море ќе се подигне и со самото тоа ќе промени бројни светски брегови.

Различно влијание ќе има на различни градови во различни степени, тврдат научници од НАСА. Какво влијание на кој дел од Земјината кугла ќе има топењето на глечерите зависи од каде и колку вода ќе тече.

Научниците креирале виртуелен глобус на кој е можно да се пронајдат 293 крајбрежни градови и види начинот на кој топењето на мразот ќе влијае на секој од нив.

Њујорчаните, на пример,би требало да бидат најзагрижени поради трите големи глечери на североистокот од Гренланд и три на северозапад . Лондон исто така може да исчезне , додека Сиднеј се грижи поради мразот на север и североисток од Антарктикот.

Кога трите глечери на Гренлад би се стопиле нивото на морето би пораснало за десет цм, предвидува НАСА, што е голема закана за САД. Ако западниот дел на Антарктикот се урне, нивото на морето ќе порасне за 1,2 метри.

И на Европа поради топењето на западниот дел на Гренланд и се предвидува потоп, поточно на градовите Тромс, Осло, Атина, Сиракузи и Дубровник.

Иако процесот на топење на мразните површини на Гренлад има значајно влијание на околината во минатиот век, научниците предупредуваат дека во 21 век тој ќе биде уште поголем.


Можеби ќе ве интересира

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот