29 Април, 2024
0.0242

Наскоро младите истражувачи ќе добијат 1,5 милиони денари

Објавено во: Мои пари 08 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Пристигнати 98 проекти апликации во рамки на јавниот повик за финансирање на истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки во основните и средните училишта „Предизвик за млади истражувачи“ на Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за образование и наука.

„Предизвик за млади истражувачи“ беше отворен од 31 ноември 2017 година до 15 февруари 2018 година, со цел поттикнување на критичко и креативно размислување кај младите во нивниот развој и стимулирање на иновативни идеи и акции во процесот на образование во основните и средните училишта во Македонија.

На повикот учествуваа 64 основни и 34 средни училишта од цела Македонија. Според критериумите на повикот, а по завршената административна проверка 96 предлог проекти имаат потполни апликации. Повеќето од нив се карактеризираат со мултидисциплинарен пристап и ги опфаќаат наставните единици што учениците ги усвојуваат од сите области на природните и техничките науки.

Фазата на првостепено оценување завршува во четврток 15 март 2018г. и ќе се врши од страна на Комисија составена од:

·  м-р Неда Икономова Гаврилоска, претставник на Фондот,

·  Владимир Делов, претставник од Министерство за образование и наука

·  доц. Д-р Живко Коколански од Факултет за електротехника и информациски науки,

·   проф. Д-р Александра Бужаровска од Технолошко- металуршки факултет,

·  м-р Иванка Мијиќ од Бирото за развој на образование

·  Љубица Каракашева, претседател на Сојузот на здруженија на младите истражувачи на Македонија.

Предлог проектите што ќе добијат повеќе од 51 бод преминуваат во финална фаза, а учениците ќе имаат можност директно да ги презентираат предложените решенија пред комисијата на т.н. пичинг.

Вкупниот буџет за повикот изнесува 1.500.000 денари, средства на Фондот за иновации и технолошки развој, обезбедени во Буџетот на Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024