29 Април, 2024
0.0269

Научниците на чекор до лекот против рак

Објавено во: Стил 16 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Американски научници веруваат дека пронашле револуционерна метода за лекување на леукемија, која потенцијално би можела да се примени за лекување и на други видови на рак.

Онколозите од Центарот за истражување Фред Хачинсон од Вашингтон нашле нов начин за лекување на акутна лимфобластна леукемија (ALL).

Во најновото клинично истражување, докторите ги „тренирале“ Т-лимфоцитите, вид на бели крвни клетки на пациентите со помош на специјални молекули за да им овозможат да ги препознаат и нападнат клетките на туморот, а потоа да се вратат во телото на пациентот преку инфузија.

 Молеkулите кои ги користеле всушност се вештачки рецептори за Т-лимфоцити, кои лекарите ги нарекуваат „химерички рецептори на антиген (Chimeric antigen receptor - CAR) а се добиени со генетски модифицирани лабораторски глувци.

Овој „тренинг“ на имунолошкиот систем постигнал импресивни резултати - 94% од учесниците во клиничкото истражување ги изгубиле сите симптоми на лимфобластна леукемија. Резултатот е уште поимпресивен кога ќе се земе во предвид дека станува збор за пациенти кои биле во последните фази на болеста. Во истражувањето биле вклучени само личности за кои предвидувањата биле дека им остануваат само два до пет месеци од животот.

Сепак, оваа метода на лекување не е целосно без ризик. Од 35 пациенти кои учествувале во истражувањето, кај 7 од нив се појавиле сериозни несакани ефекти - реакции на имунолошкиот систем поради која завршиле на интензивна нега, додека двајца пациенти починале од последиците. Научниците моментално работат на подобрување на методите со кои би се намалил ризикот од опасни имунолошки реакции.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти