01 Мај, 2024
0.0266

НБМ им објаснува на странските инвеститори: Да не се сее страв за девалвација на денарот

Објавено во: Економија 26 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Нема причина за дебата за девалвација на денарот, во економијата нема нерамнотежи кои би ја пристискале домашната валута, реагираа денеска од нардоната банка. Реакцијата е само ден откако Штефен Петер, претседателот на Советот на странски инвеститори во земјава на дебата за евроатланските перспективи тврдеше дека ако земјава не влезе во Европската Унија, ќе се разниша стабилноста на денарот, но ина банкарскиот систем, дека ќе нема странски иневстиции, и договори за трговија. Oд Централнaта банка денеска тврдат дека постојниот режим на девизниот куср е оптимален.

Стабилноста на домашната валута е клучното сидро за одржување и на ценовната и на финансиската стабилност. Не постојат причини, ниту пак каква било потреба да се отвораат дебати за евентуална девалвација на денарот. Во економијата не постојат нерамнотежи коишто би можеле да создаваат притисок врз домашната валута, ниту пак има индиции за отстапувања на курсот од неговото оптимално ниво. Од голема важност е тоа што оваа година екстерната позиција на економијата е исклучително поволна и силна, а Народната банка интервенира со висок нето-откуп на девизи, што дополнително ги зајакнува девизните резерви кои на континуирана основа се одржуваат на високо ниво и создава простор да се реагира на евентуални притисоци и да се одржува силен капацитет за одржување на стабилноста на домашната валута, стои во соопштението од Народната банка.

Оттаму велат и дека според нив, тековниот контекст во државата воопшто не треба да се поврзува со стабилноста на домашната валута, ниту на домашниот банкарски систем. И едниот и другиот сегмент биле исклучително здрави и отпорни, и не постојат рационални причини за разнишување на довербата и на тековно позитивните очекувања.

Изјавата на Петер беше една од најострите во однос на тоа кои се последиците за макеоднската економија ако нема да биде членка на ЕУ и НАТО. Сепак домашниот денар и македонскиот банкарски сектор останаа стабилни и во најголемите предизвици за време на светската финансиска криза.

Можеби ќе ве интересира

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест