02 Мај, 2024
0.0259

НЕ ЧЕКА ЧУДНА ЗИМА: Бури, снег и поплави во Европа, а како ќе биде на Балканот?

Објавено во: Балкан 30 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Метеоролошкиот сервис  AccuWeather ја објави долгорочната прогноза за претстојната зима.

Додека за подрачјето на Велика Британија, Скандинавија и остатокот од Северна Европа се очекуваат силни бури уште на стартот на зимата, изгледа дека зимата на Балканот ќе биде блага - без силни температурни осцилации, а ќе изостанат и големите количини врнежи.

Додека во поголемиот дел на Европа ќе има многу бури, снег и продор на студени бранови, на Балканскиот полуостров се очекува прилично мирна зима.

-Ќе има бури, но тие нема да бидат толку изразени како минатата година- прогнозира метеорологот Џејсон Николс. Наместо тоа, ќе се појават спорадични бури помеѓу продолжени суви периоди.

Овој регион би можел да има долги суви и топли периоди, проследени со невреме кое ќе трае една недела, а потоа ќе се врати во сув временски период од две или три недели “, вели метеорологот Тајлер Ројс.

На Јадранот пак не се ни очекуваат зачестени удари на олујни бури, предвидуваат метеоролозите на AccuWeather .

-Тоа ќе допринесе за оскудна снежна сезона во планините-додал Ројс.

Најостриот зимски студ ќе ја зафати источна Евеопа и источна Скандинавија.

Почетокот на зимата нема да го обележи ниту продор на силни и изразени студени бранови, но тоа би можело да се случи пред крајот на зимата.

„Можеби ќе видиме неколку кратки ладни бранови во декември, но вистинската студ нема да се случи до подоцна во сезоната“, рекол Ројс.

Најмногу снег и студена студ се очекуваат кон крајот на декември, и почетокот на јануари на подрачјата од Финска до Украина. Се очекуваат големи количини снег на тие подрачја да има се до крајот на февруари. Студените бранови кои од тоа подрачје ќе доаѓаат во Европа кон крајот на зимата да зафатат и подрачја на Полска, Словачка и Романија.

Активен почеток на сезоната на силни ветрови се предвидува за британските острови, северна Европа и Скандинавија.

Оваа година тоа подрачје веќе го погодија неколку бури, вклучувајќи ја бурата Лоренцо, која во еден момент била ураган од петта категорија над Атлантскиот океан. Меѓутоа, зачестеноста на бурите нема да достигне врв се до почетокот на 2020 година.

Метеоролозите предвидуваат дека бурите ќе бидат најактивни во почетокот на јануари.

Поради тоа делови на Велика Британија ќе биде под закани од големи поплави, а крајот на сезоната бура се очекува кон крајот на февруари и почетокот на март.

-Вториот дел од зимата ќе биде многу помирен отколку почетокот-предвидуваат метеоролозите.

-Додека олуји ќе беснеат во северна Европа, поголеми количини дожд и снег би требало да донесат олеснување за поголем дел од Европа - од Португалија па се до Полска, откако тоа подрачје го погодила голема суша во текот на летото. Реката Рајна во текот на летото пресушила, а есента не донела поголеми количини дожд кои би помогнале во решавање на тешката ситуација- предвидуваат метеоролозите.

-Иако Пиринејскиот полуостров конечно ќе доживее олеснување од долготрајни периоди на суша, поголеми количини ќе доведат до развој на вегетацијата, што во пролетта и летото би можело да доведе до проблеми и беснеење на шумски пожари-предупредуваат метеоролозит.

Во северните Алпи се очекуваат и големи количини снег, поради што метеоролозите повторно предупредуваат на проблеми кои би можеле да се појават кон крајот на зимата, кога снегот почнува да се топи како лавини и поплави.

Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат