10 Мај, 2024
0.0291

Не наседнувајте на евтини финти на Facebook

Објавено во: Македонија 25 Март, 2018

Добивај вести на Viber

По скандалот со крадење податоци со Фејсбук и Кембриџ Аналитика, некој се сети да пише дека Марк Закерберг измислил код „BFF“ кој ако го пишете во коментар и ви излезе со зелени букви, тоа значи дека профилот ви е безбеден.

Дали на мајтап или затоа што стварно поверувал (веројатно првото), му текнало и на некој наш да го преведе.

И пазете, 17.000 коментари! Толку отприлика паднале на форава. На шегите на нивна сметка им нема крај.

Е сега, сфаќаме дека не сите поседуваат и се замараат околу техничките познавања, ама на толку години постоење на интернетот и социјалните мрежи, редно е да знаете дека онлајн безбедноста не функционира така едноставно и не можете да ја проверите со обичен коментар од 3 букви.

Сепак, можеби овие 17.000 биле збунети од тоа што на некои коментарите стварно им излегуваат со зелена боја.

Еве зошто: Пред некое време Фејсбук воведе нова опција одредени клучни зборови да се појавуваат во боја, заедно со анимација. На пример BFF (што е кратенка од Best Friends Forever), Congrats, XOXO и слични. Фејсбук сé уште ја апдејтира листата со зборови, па веројатно тоа е причината што на некои профили работи, а на некои не. Тоа може да има врска со тоа кој јазик ви е дифолт на профилот, кога ви е отворен профилот, локацијата на живеење што ви е наведена… Којзнае. Ама едно е сигурно, нема никаква врска со тоа дали профилот ви е безбеден.

За жал, пола од овие 17.000 сега се насекирани зошто BFF не им излегло со зелено и дека им е небезбеден профилот. Другите пола задоволно ќе си се смешкаат зашто профилот им е безбеден. А останатите, тие од страна, ќе им се смеат и на едните и на другите, зашто во 2018та ваква онлајн наивност е баш за тоа – за смеење.

извор: bet365.com.mk



Можеби ќе ве интересира

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

Силјановска Давкова доби честитка од Зеленски

Силјановска Давкова доби честитка од Зеленски

МИЛОШОСКИ РАСПАЛИ ЗА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ТРЕНЧЕВСКА: Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност

МИЛОШОСКИ РАСПАЛИ ЗА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ТРЕНЧЕВСКА: Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност