02 Мај, 2024
0.0295

Неделен Фактор - Шок под маски

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Карневалите некогаш се одбележувале за крајот на постите, односно со прославите и месните трпези се почнувале новите циклуси во претежно паганските, а подоцна и во христијанските општества. Овој пат карневалот во Вевчани го одбележа "мрсната" интервенција на полицијата поддржана и од специјалните сили, па Вевчанци изедоа помалку ќотек и казни.

Научени се тие на сеопфатни полициски акции, не за џабе се "држава во држава", па ништо чудно и овој пат врз нив да биде тренирана полициската строгост.

А некој ќе рече па зошто толкава сила да се демонстрира од полицијата кога и онака сите во Вевчани носеа маски.

Некои прославуваат родендени и тоа без маски и се групираат повеќе од четворица во свечени сали на нови згради на државни министерства, не се не кријат дека не носат маски, се сликаат за историските моменти на радост за другиот и вечен лидер. Ама државата не затајува овој пат. Бам, на дело ги "почести" славениците по 20 евра. Дури 500 евра за организаторот на роденденот Артан Груби кој го пречека "албанскиот" дел од Владата.

Просто сме шокирани од ефикасноста на спроведувањето на законите кои нели ете важат еднакво за сите. Шокот со носење на маска најверојатно може и подобро да се сокрие. Ќе треба емотикони да користиме за да доловиме колку всушност сме шокирани што дел од обвинението за Сашо Мијалков екс директорот на ДБК во предметот Таргет-Тврдина застарува и нема да одговара во овој дел од судската постапка.

Ама дефинитивно не сме толку шокирани како што целосно во шок падна министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Еден од предводниците на СДСМ просто не може да поверува дека му застарува делото на началникот за злоупотреби со опремите за прислушување, за оние за кои дознавме преку "шок бомбите" и за кои се добиваа избори. Шокот кој ја зафати министерката навистина ни делува како утеха, таа загриженост за остварување на ветувањата дека ќе има правда и дека ќе има мир.

Ако не може Мијалков да отиде до Идризово, може да оди до Штип да речеме. И тоа преку новиот автопат, оној граден со кинески кредити, ама официјално пуштен во употреба од новата Влада. И да плати дури 160 денари за патарини. За луѓето од Скопје и другите градови овој автопат може да биде и значајна артерија за поврзување на истокот на државата, а за други прескап и неисплатлив проект. Но, за Штип и околните населени места сигурно значи премногу, шанса за полесно водење бизнис, привлекување туристи и гости и побрзо и побезбедно патување. Арно ама Штипската Марија Антоанета, некогашниот градоначалник и актуелен министер за транспорт и врски им порача на сите кои се шокирани од високата цена на патарините да си патуваат ако сакаат преку селски друмови и околни патишта. Па не е автопат за секој обичен смртник. Вивнат по Версајските височини, Бочварски треба да знае дека еден ден ќе треба да се врати по истиот тој пат, ама тогаш ќе нема кој да му ги покрие патните трошоци како функционер.

Од карневалиите на политичарите никако да се заситиме, а богами ниту тие планираат во скоро време да се стават на еден долг "пост", колку толку да се исчистат. Да бидеме спокојни, лабаво другари, зарем уште може нешто да ве шокира?

Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?