10 Мај, 2024
0.0263

Некстсенс – лидер во дигитализација на Дигиталниот Самит за Западен Балкан во Белград

Објавено во: Мои пари 09 Април, 2019

Добивај вести на Viber

На 4 и 5 април 2019 во Белград се одржа вториот по ред Дигитален Самит на земјите од Западен Балкан (Western Balkans Digital Summit 2019) под покровителство на Европската Унија.

На настанот учествуваа високи владини преставници, членови на бизнис заедницата и реномирани експерти од областа на дигиталната агенда од регионот и од Европската Унија. Компанијата Нектстенс, како лидер во областа на дигиталната трансформација втора година по ред беше главен партнер на овој престижен регионален настан.

Некстсенс, како водечка компанија со повеќе од 15 годишно искуство во развој и имплементација на иновативни решенија за дигитална трансформација и експертиза во областа на услугите од доверба, на Самитот учествуваше во креирањето на дигиталната агенда на Западен Балкан преку презентации на своите решенија и споделување на искуствата во дигитализација на организациите од приватниот и јавниот сектор.


Производите и решенија на Некстсенс за безбедно дигитално потпишување и работа со е-документи ја позиционираат компанијата како лидер во дигитализација во Македонија и водечка компанија во регионот во оваа област.

За компанијата Некстсенс и достигнувањата во областа на дигиталната трансформација зборуваме со Главниот извршен директор на Некстсенс, Васко Кроневски.

Некстсенс е единствената компанија од Република Северна Македонија која втора година по ред го зазема водечкото место на Дигиталниот Самит за Западен Балкан, како компанија со богато искуство во дигиталната трансформација на регионално, но и на пошироко, глобално ниво. Можете ли поблиску да ни го претставите Некстсенс, на што се должи вашата препознатливост и реноме во регионот на Западен Балкан и пошироко?

„Некстсенс е компанија специјализирана во водење на комплетни процеси за дигитална трансформација и имплементација на ИТ решенија со цел унапредување на бизнис перформансите на широк спектар на организации.

Користејќи ги најновите водечки технологии, нашите производи и решенија се базирани на долгогодишно искуство и експертиза во градење на дигитални решенија за владини институции и реномирани компании од телекомуникацискиот, финансискиот и владиниот сектор во Европа и пошироко.

Нашата компанија речиси две децении е целосно посветена кон водење на компаниите и институциите низ процесот на дигитална трансформација, при што им помагаме да го променат начинот на нивното работење преку замена на хартиените документи и процеси со целосно дигитални услуги.


Производите на Некстсенс се дизајнирани и развиени со цел да им помогнат на организациите да имплементираат иновативни решенија кои ќе овозможат автоматизација на нивните интерни процеси, како и на процесите на соработка и обезбедување услуги за нивните клиенти.

Нашето познавање во областа на дигитализацијата, како и алатките, техниките и технологијата со кои располагаме ни отвораат можности да допреме во различни региони низ светот. Позади успехот на Некстсенс стои цел тим експерти со богато искуство од оваа област.

Партнерскиот статус и учеството на Некстсенс на Дигиталниот самит е резултат на нашето долгогодишно работење во развој на решенија кои претставуваат клучни елементи за дигитална трансформација, а кои се вградени во дигиталната агенда на земјите од Западен Балкан и Европската Унија. Горди сме како компанија - лидер во овој процес, и со задоволство ги споделуваме нашите искуства во оваа област.“

На Самитот во Белград имавте можност да ја презентирате Платформата за испорака на јавни услуги. Какви услуги овозможува оваа платформа и зошто е корисна за институциите?

„Се работи за иновативен пристап во дизајнирање, создавање и испорака на административни е-услуги на граѓаните и бизнисите, со кој се насочува административната испорака на услуги по дигитален пат и се подобрува севкупната ефикасност на јавните институции во поглед на нивниот капацитет и подготвеност за градење и испорачување дигитални услуги за своите корисници. Нашата платформа овозможува имплементација на принципите од Дигиталната агенда на Агендата на ЕУ со кои се обезбедува подобро корисничко искуство, како што се: трансформација на сите услуги во дигитални, регистрација на корисниците само еднаш за сите услуги од сите институции кои се приклучени на Платформата, достапност на дигиталните услуги за сите корисници без исклучок, отвореност и транспарентност при испораката на услуги, како и интероперабилност меѓу институциите. Сите овие принципи се вградени во Платформата за испорака на е-услуги на Некстсенс и веќе се имплементирани во институциите во нашата земја. 


Со Платформата се опфатени процесите на подготовка на електронски услуги, испорака на услугите до корисниците преку онлајн портал, генерирање документи и нивно процесирање, дигитално потпишување и верификација, нивно чување и складирање, како и размена на документи и податоци меѓу институциите.

Платформата ги опфаќа и сите аспекти на безбедност на процесите, како и правна усогласеност со европското и домашното законодавство во областа на заштитата на личните податоци и услугите од доверба. Се работи за еден поврзан, флексибилен систем на интеракција достапен за сите институции кој овозможува револуција во електронското услужување на корисниците.“

Во рамки на Дигиталниот самит за Западен Балкан Даниел Даниловски, Извршен технички директор на Некстсенс ги презентираше иновативните решенија на Некстсенс за безбедно дигитално потпишување и работа со е-документи. Повеќе за овие решенија дознаваме од г-динот Даниловски.

Некстсенс на Самитот учествува како компанијата која веќе има изградено препознатливост во регионот како водечка во областа на услугите од доверба. Вашите решенија за дигитално потпишување се препознаени како иновативни и безбедни, како решенија кои се подготвени лесно да се интегрираат во системите на организациите и за многу кратко време да направат значајна разлика во бизнис процесите и начинот на услужување на корисниците. За што се користат вашите решенија и што е тоа коешто ги прави уникатни?

„Во дигиталната ера, најважна е безбедноста, довербата и широката и едноставна примена на дигиталните решенија. Нашите производи се успешен спој на долгогодишното искуство во развој на компоненти за дигитално потпишување и иновативната технологија, која гарантира максимална безбедност и заштита на дигиталните документи. Дигиталниот начин на работа значително го олеснува работењето на организациите, ги прави многу поефикасни и најважно од сѐ, обезбедува значителни заштеди. 


Со производите дел од „Nextsense Signing Suite“ им овозможуваме на организациите едноставно и сигурно да го трансформираат начинот на работење, од мануелен во целосно автоматизиран. Решенијата на Некстсенс за дигитално потпишување се вградени во повеќе од 70 различни апликативни системи на реномирани компании и институции.

Компонентите и продуктите на Некстсенс се клучни елементи во процесот на дигитална трансформација кои овозможуваат безбедно дигитално потпишување, ставање временски и организациски печат, потврда на веродостојноста на електронските документи, како и нивна целосна прекугранична верификација – сето ова засновано на највисоките европски стандарди и регулативи.

Секое од решенијата на Некстсенс ја подобрува ефикасноста на деловните процеси во рамките на компаниите, како и помеѓу компаниите и нивните клиенти или соработници, a во согласност со европската регулатива за електронска идентификација, автентикација и комуникација - eIDAS.

Што се‘ опфаќа пакетот решенија за дигитално потпишување на Некстсенс – Nextsense Signing Suite, какви услуги овозможува?

Имајќи ги предвид сите предизвици со кои се соочуваат организациите, се потрудивме да изградиме решенија кои ќе понудат сосема ново корисничко искуство. За таа цел го вградивме целото наше знаење и искуство и го изградивме Nextsense Signing Suite - сет на компоненти и продукти кои обезбедуваат сѐ - иновативна технологија, врвна безбедност и комплетно корисничко искуство базирано на потребите на клиентите. Овозможивме безбедно електронско потпишување од дома, од работа, преку сервер или преку интернет пребарувач, во движење преку мобилни уреди, со двојна автентикација како гаранција на идентитетот на потписникот. 


Дигиталното потпишување е во фокусот на процесите на дигитална трансформација. За да се комплетира процесот електронски потребно е да биде потпишан со дигитален потпис и потписот да е правно валиден. Вие имате развиено уникатно решение за аплицирање на дигитален потпис кое веќе има широка примена – Nextsense Signing Extension. Какви се искуствата со дигиталното потпишување и кои се придобивките од вашето решение?

На пазарот се нудат голем број на решенија за дигитално потпишување и тоа навидум изгледа едноставно. Но, во практика алатките за потпишување тешко функционираат на различни пребарувачи и често предизвикуваат проблеми во процесот на аплицирање електронски потпис. На пример корисниците кои користат електронско банкарство ова непријатно искуство имаат прилика многу често да го искусат. Со укинувањето на поддршката од Java, потпишувањето често станува проблем, наместо поволна опција. Компаниите кои имаат дигитално потпишување со Java се соочуваат со голем број на повици за помош и поддршка од своите клиенти. Користејќи ја најновата технологија и врз основа на долгогодишното искуство, ние го создадовме Nextsense Signing Extension, единствена екстензија одобрена од страна на веб-пребарувачите, со што на организациите им обезбедивме безбедно дигитално потпишување на клиентска страна преку сите водечки веб-пребарувачи, без употреба на Java.

Нашите решенија се веќе вградени во системите на бројни реномирани организации во телекомуникациите, банкарскиот сектор и државните и јавните институции и обезбедуваат врвна услуга без никакви проблеми, што е потврда за нивната вредност и уникатност.“


Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори