02 Мај, 2024
0.0276

НЕОФИЦИЈАЛНО: Шеќеринска во одбрана, Спасовски министер за внатрешни, Николовски во земјоделство, Манчевски министер за информатика

Објавено во: Македонија 28 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Седницата на ЦО на СДСМ се уште не е формално започната иако најавата беше за во 19 часот а членовите на новиот централен одбор се пристигнати на Бихаќка додека партискиот врв се уште заседава во канцеларијата на партискиот лидер Зоран Заев.

Висок партиски функционер за Тв 24 до новинарската екипа на истата телевизија испрати неофицијална информација за време на дневникот во 19 часот во која открива дел од кандидатите кои ќе седнат во министерски фотелји од редовите на СДСМ. 

Тие сеуште неофицијални информации велат дека предлогот кој ќе го предложи мандатарот Заев до членовите на ЦО е Радмила Шеќеринска министер за одбрана, Оливер Спасовски за внатрешни работи, Љупчо Николовски министер за земјоделство, Дамјан Манчевски министер за информатичко општество и администрација, Драган Тевдоски министер за финансии, Рената Дескоска за образование, Горан Сугаревски министер за транспорт и врски, Мила Царовска - министер за труд и социјала, Роберт Алаѓозовски за култура, и Никола Димитров - министер за надворешни .

Овој предлог треба да го потврди Централниот одбор на партијата и истиот да биде конечен треба сите членови, односно мнозинството членови да дадат поддршка.

Заев посочи дека конечната официјална одлука за составот на новиот владин кабинет ќе биде објавена по Централниот одбор.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање