09 Мај, 2024
0.2895

Несторовска се враќа во МВР како државна секретарка, ќе се спаси ли од лажните мејлови

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Магдалена Несторовска повторно ќе биде државна секретарка во Министерството за внатрешни работи.

Оваа информација денеска ја потврдија и од ресорот на Оливер Спасовски, откако Несторовска вчера била именувана од Владата.  

„На вчерашната седница, Владата на Република Северна Македонија, на предлог на министерот за внатрешни работи, ја именуваше м-р Магдалена Несторовска за државна секретарка во Министерството за внатрешни работи“, соопшти МВР.

Несторовска ја извршуваше истата функција и во периодот од 2017-2020.

Инаку, на Несторовска во тој период и се случија во два наврати и многу невообичаени настани. 

Од нејзината мејл адреса во МВР се испраќаа лажни покани. На крајот на јули годинава до повеќе адреси, меѓу кои и до медиумски куќи, дека се повикани во полиција.

Ова не беше прв пат да стигнуваат вакви мејлови. МВР демантираа дека ги испраќаат, односно дека се работи за лажни покани во кои е злоупотребен мејлот на МВР. 

Имено во април лани исто така Несторовска реагираше дека ова е фалсификат и дека се прави за да предизвика немир. Таа рече тогаш дека полицијата не повикува граѓани во полиција.

Добро утро, ова е да ве информираме дека сте поканети во полицијата на Република Македонија за тековна истрага за измама во банка. Детали за поканата можете да ги најдете во приложениот PDF документ. Оваа порака е последна покана затоа што ние ќе го извршиме вашето апсење ако не ја исполните оваа покана. Со почит, Магдалена Несторовска“, стоеше во мејловите.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

Одреден терминот за инаугурација на Силјановска Давкова

Одреден терминот за инаугурација на Силјановска Давкова

НЕВРЕМЕ И ОБИЛЕН ДОЖД СО ГРМОТЕВИЦИ ВО ПОПЛЕДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: метео предупредување, бидете внимателни

НЕВРЕМЕ И ОБИЛЕН ДОЖД СО ГРМОТЕВИЦИ ВО ПОПЛЕДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: метео предупредување, бидете внимателни

Боки 13: Отворен е предметот „Бумеранг“

Боки 13: Отворен е предметот „Бумеранг“