29 Април, 2024
0.0256

НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Погледнете што штити од рак на дојка

Објавено во: Стил 22 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Медицински се докажа дека употребата на повеќе маслиново масло и примената на медитеранска исхрана значително ја намалуваат веројатноста жената да стане жртва на рак на дојка во зрелоста.

Ова станува јасно од написот објавен во списанието JAMA Internal Medicine.

"И покрај сите недостатоци на ова истражување и мал примерок, тоа покажува дека употребата на медитеранска храна може да го спречи развојот на рак на дојка, така што влијае благотворно на здравјето на срцето и крвните садови.

Се надеваме дека ова откритие ќе помогне да се намали бројот на жените кои страдаат од рак на дојка, и како целина да се подобри здравјето на претставничките на понежниот пол ", го коментира откритието Мајкл Катц (Michael Katz), главен уредник на изданието .

Мигел Мартинез Гонзалес (Miguel Martinez-Gonzalez) од Универзитетот на Навара (Шпанија) и неговите колеги го откриле благотворното влијание на маслиновото масло и медитеранската исхрана врз здравјето на женските гради, кога го набљудувале статусот над 4000 жителки на Шпанија кои се согласиле да земат учество во диеталниот експеримент.

Во рамките на овие обиди научниците им нуделе на жените да пробаат три здрави диети базирани на медитеранската кујна - со додавање на маслиново масло и лешници, и обична европска диета со намалена содржина на масти.

Во текот на шест години - од 2003 до 2009 година - Мартинез-Гонзалес и неговите колеги ја следеле состојбата на своите доброволки, истакнувајќи ги сите случаи кога тие заболуваат од рак на дојка.

Како покажале набљудувањата, жените кои биле на медитеранска диета со маслиново масло, доста поретко боледувале од рак и во просек за 68% поретко станувале за неговите жртви во споредба со учесничките во експериментот од контролната група. Што е интересно - додавање на ореви во исхраната не донело ниту позитивни ниту негативни резултати.

Авторите на статијата сами признаваат дека релативно нискиот број на учесничките во експериментот, заболени од рак на дојка, не дозволува со 100% сигурност да се зборува дека тоа потекло било исклучително предизвикано од додавањето на маслиново масло, а не од самата медитеранска исхрана. И сепак нивната комбинација е несомнено корисна за здравјето на жените, заклучуваат Мартинез-Гонзалес и неговите колеги.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти