Николиќ:Европа е „нужно зло“, но никогаш нема да ја признаеме независноста на Косово
Објавено во: Балкан 09 Мај, 2016
Европа е „нужно зло“ и не е можно да биде водена земјата без соработка со Русија и со Европската унија, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ во интервју за Спутник.
Додава дека ако треба со години и децении ќе преговараат со ЕУ, што се однесува до уредување на Србија и исполнување на условите за членство. Николиќ вели дека во Србија нема еврофанатици, може нѐ има нас, русофилите, но вистински еврофанатици нема.
„Затоа на сите ни е јасно дека Европа е нужно зло, дека ние сме во Европа, дека сме опкружени од ЕУ, дека од Втората светска војна Европа преку различни влијание се мешала во Србија, дека многу наши соработници работат во Западна Европа, дека доаѓаат оттаму со приказни за начинот на живот, за цивилизацијата и заштитата, законска и судска“ - кажа Николиќ.
Тој додаде дека Србија ќе преговара за да ги исполни условите на ЕУ, но напомена дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово. Николиќ вели дека ќе продолжат да ги одржуваат добрите релации со Русија, а Европа е свесна за тоа.