29 Април, 2024
0.0260

Ниските температури ја зголемија испораката на топлинска енергија

Објавено во: Мои пари 30 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Екстремно ниските температури во текот на зимата ја зголемија испораката на топлинска енергија во централниот систем за топлинска енегија во Скопје. Како резултат на ниските температури, во грејната сезона 2016/2017 година до потрошувачите биле испорачани 507.906.124kwh, а предвидени биле 480.235.185kwh, согласно прогнозите направени во август 2016. Зголемената испорака на топлинска енергија пред сè е резултат на екстремно ниските надворешни температури измерени во одделни месеци кои во одредени денови се симнаа доминус 21 степен целзиусов како и невообичените ниски температури во октомври и април, заради што и грејната сезона започна порано и заврши подоцна од вообичаеното.

Грејна сезона 2016/2017 започна на 5 октомври, за разлика од вообичаениот старт на 15 октомври. Истовремено, грејната сезона траеше и подолго од вообичаениот термин - 15 април, и годинава траеше до 24 април. Ова значи дека годинава грејната сезона траела 16 дена подолго, односно наместо 183 дена, траела 199 дена.

Поголемата количина на испорачана топлинска енегија до потрошувачите од прогнозираната, ќе биде нивелирана во сметките што потрошувачите ќе ги добијат во текот на мај, јуни и јули, кога вообичаено се врши порамнување, помеѓу прогнозираната и реално испорачаната топлинска енергија. Висината на порамнителните сметки е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектоти секако од количината на испорачана топлинска енергија во согласност со надворешните временски услови.

Потрошувачите во текот на целата година во своите сметки добиваат податок за тоа колку енергија потрошиле, во споредба со месечниот паушал и колкава е разликата помеѓу потрошената и прогнозираната топлинска енргија.Ако при порамнувањето се утврди дека е потрошена повеќе топлинска енергија отколку што авансно е пресметана, тогаш разликата ќе биде распределена на три еднакви рати и соодветно фактурирана во сметките за месеците мај, јуни и јули. Ако пак потрошувачот авансно платил повеќе отколку што е утврдено при мерењето на потрошената топлинска енергија, тогаш разликата ќе му биде вратена на неговата трансакциска сметка, доколку нема заостанати долгови.

Согласно со законската регулатива, сметките/фактурите за топлинска енергија се состојат од надоместок за ангажирана топлинска моќност (фиксен дел) и надоместок за топлинска енергија (варијабилен дел). Фиксниот дел од сметката/фактурата зависи од ангажираната топлинска моќност, додека варијабилниот дел зависи директно од количината на потрошена топлинска енергија на мерното место. Потрошувачите што ја плаќаат топлинската енергија на 12 месечни рати, од август во тековната година, до април следната година добиваат месечни сметки/фактури, во кои покрај фиксниот дел, им се пресметува и авансен варијабилен надоместок. За месеците мај, јуни и јули 2017-та, овие потрошувачи ќе добијат фактури во кои е извршено порамнување на варијабилниот дел и на фикскиот делсогласно со законската регулатива. Ова порамнување е во согласност со разликата помеѓу евидентираната потрошена топлинска енергија во грејната сезона и авансно фактурираниот износ во перидот од август 2016 до април 2017.

Количината на испорачаната на топлинска енергија и времетраењето на испораката се одвива согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енерегика која носи конечна одлука за почеток и крај на грејната сезона. Снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи може да биде започне пред 15-ти октомври и да биде продолженo по 15-ти април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, според податоците од Управа за хидрометеролошки работи на Република Македонија. Грејната сезона може да биде продолжена најмногу до 1. мај. 

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг