Ноје Цирхер Цајтунг: Како Харадинај стигна од исфрлувач во дискотека до најскапиот апартман во Швајцарија?
Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2018
Швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“ фрли сомнежи за богаството на косовкиот премиер Рамуш Харадинај за кој велат имал скромно потекло и пред политичката кариера работел како исфрлувач во дискотека, за сега да плати огромна сума на пари за прослава на новогодишната ноќ во скапиот хотел Карлтон во луксузниот Сент Морис.
- Харадинај тивко ја прослави Новата година со сопругата, трите деца и внукот во Швајцарија, и тоа ни помалку ни повеќе, туку во хотелот Карлтон во Сент Морис. Па пред војната, Харадинај беше исфрлувач од ноќен клуб во Романија, а сега за една ноќ го резервира царскиот апартман за 5.000 франци, додека целата прослава наводно чинела околу 80.000 франци, пишува весникот.
„Ноје Цирхер Цајтунг“ потсетува дека Харадинај си ја зголеми премиерската плата, и стана најдобро платен премиер на Балканот, што предизвика протести во Косово.
Освен за необјаснетото богатство, весникот го обвинува Харадинај и за вршење притисок врз луѓето кои сакале да сведочат против него поради воени злосторства извршени за време на Косовската војна.