Нов силен земјотрес во Нов Зеланд
Објавено во: Свет 15 Ноември, 2016
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд.
Геолошкиот институт на САД соопшти дека епицентарот бил на 45 километри југоисточно од градот Бленхајм, на длабочина од 10 километри.
Спасувачките служби на Нов Зеланд, со помош на брод и на хеликоптер, и денеска ќе продолжат со евакуацијата на илјадници туристи кои од неделата се блокирани откако земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја зафати земјата.
Бродот на новозеландската морнарица исплови од Окленд и би требало да стигне во Каикоура, регион на Јужниот Остров за да се евакуираат 500 туристи.
Големите одрони, кои ги предизвика потресот, ги пресекоа патиштата и пругите до градот Каикоура. Таму се „заглавени“ меѓу 600 и 1.000 туристи, претежно странци, кои дошле да ги набљудуваат китовите.