28 Април, 2024
0.0266

Релаксирано до комфорен дом со новиот „Станбен кредит 3 + 2“

Нов станбен кредит со 5 години фиксна каматна стапка од Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено во: Мои пари 04 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Охридска банка Сосиете Женерал во своето кредитно портфолио воведува нов станбен кредит со 5 години фиксна каматна стапка. Имено, со овој кредит, сите клиенти ќе може релаксирано да инвестираат во својот нов конфорен дом, користејќи го новиот „Станбен кредит 3+2“ кој овозможува фиксна каматна стапка во првите 5 години од отплатата на кредитот, и тоа, во првите три години каматната стапка е фиксна и изнесува 3,55%, а во четвртата и петата година е повторно фиксна и изнесува 4.55%. По завршувањето на петата година од отплатата на кредитот, каматната стапка е варијабилна и пресметана врз основа на шестмесечна стапка на Еурибор (Euribor). 

Па така, за станбен кредит од 30.000 евра, со рок на отплата од 240 месеци, износот на фиксната месечна рата во првите три години ќе изнесува 181,67 евра, ратата во четвртата и петата година ќе биде повторно фиксна и ќе изнесува 195,73 евра, а месечната рата по петата година ќе изнесува 208,85 евра. Сите клиенти кои ќе аплицираат за „Станбен кредит 3+2“, за време на промотивниот период кој трае до 31.1.2018 година, ќе бидат ослободени од административните трошоци и трошоците за апликација. 

Со цел постојана грижа за клиентите како и обезбедување дополнителна вредност на сите банкарски производи, Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите кои ќе аплицираат за „Станбен кредит 3+2“ да изберат помеѓу двата пакета за животно осигурување, и тоа: основниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44% годишно од износот на кредитот и целосниот пакет за кредитно животно осигурување, со осигурителна премија од 0,85% годишно од износот на кредитот. 

Повеќе информации за поволностите и понудите клиентите можат да најдат на веб- страницата на Охридска банка Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk, и во експозитурите на Банката ширум земјата. 

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг