28 Април, 2024
0.0257

Нова локација и нов, модерен изглед на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено во: Мои пари 05 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Во чекор со современите достигнувања во банкарскиот свет Стопанска банка а.д. Битола ги отвори вратите на својот нов Деловен центар во Скопје кој се наоѓа на ул.Скупи 3 а. Деловниот центар во Скопје заедно со Централа на Банката во Битола се двете седишта во кои Стопанска банка а.д. Битола активно работи.

Новите простории на Банката претставуваат исклучително пријатна, флексибилна работна средина за вработените и нудат целосна функционалност при работата која овозможува подобрување на тимската работа и меѓусебната комуникација на вработените. Посветувајќи особено внимание и пресретнувајќи ги и најосновните потреби на своите клиенти Банката до детали го има приспособено својот нов деловен простор за нив. Како дел од своето ново окружување, покрај пријатниот амбиент каде што секогаш ќе се чувствуваат добредојдени и ќе бидат квалитетно услужени, Банката има обезбедено и лесен пристап за паркирање.

Покрај Деловниот центар на Банката, се работи и на целосно ребрендирање на нејзините експозитури и банкомати. Ребрендирањето на сите банкомати низ целата држава е веќе завршено и истите имаат добиено нов, освежен и унифициран изглед, додека, процесот на реновирање на сите 19 експозитури низ цела Македонија е започнат, а предвидено е да заврши до крајот на оваа година.

Редизајнот на целокупниот изглед на Банката го потврдува нејзиниот имиџ на современа и модерна Банка која ги следи промените и одговара на предизвиците истовремено градејќи препознатливост и доверба кај клиентите.

Ни претставува неизмерно задоволство што овој голем чекор што го правиме се случува токму во годината кога Банката прославува јубилејни 70 години постоење. Тоа значи дека од една страна испишуваме една значајна историја, а од друга страна сериозно размислуваме и се посветуваме на иднината со цел да го прошириме успехот и да прославуваме уште поголеми јубилеи. Следејќи го констатниот пораст и позитивните резултати во повеќе сфери од деловното работење во последните години, сметаме дека новата работна средина ќе претставува само стимул плус да продолжиме да работиме со истото темпо на остварување на целите, да ја следиме нашата стратегија и да продолжиме да се истакнуваме како одговорна, модерна и квалитетна домашна Банка –велат од Стопанска банка а.д. Битола.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг