Добивај вести на Viber
Вечерва стартуваше новиот Видео Портал- НОВА. Во новиот проект се обединети неколку новинари од поранешната А1 Телевизија: Борјан Јовановски како главен и одговорен уредник на НОВА, потоа Биљана Секуловска, Менче Атанасова-Точи, Сашка Бубевска, Сашка Цветковска и Дамјан Варошлија.
На НОВА секојдневно ќе се емитуваат вести, стории и интервјуа, како и емисии (неколку пати неделно).
Основачи на НОВА се новинарите Биљана Секуловска и Борјан Јовановски.