01 Мај, 2024
0.0277

Нова влада до петок?

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

До крајот на неделава е можно Македонија да ја има новата влада, велат неофицијалните информации до кои дојде Фактор.

Најдоцна до петок а можеби и во четврток ќе биде стокмен новиот владин кабинет. Партиски извори откриваат и дека мандатарот сака да ја состави новата влада до 27 мај за кога се планира партиски конгрес на СДСМ. Тогаш се очекува Заев повторно да биде избран за прв човек на партијата.

Во изминатите денови и викендов мандатарот имаше партиски преговори со идните коалициони партнери но и внатрепартиски разговори.

На првиот круг преговори од СДСМ рекоа дека се разговарало за идните приоритети и принципи на новата влада и усогласување на ставовите а не се преговарало за конкретни барања за министерски места.

Обраќање до јавноста за денеска најави лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села кој беше крвнички претепан на 27 април кога протестанти од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ упаднаа насилно во Собранието.

Заев доби мандат од шефот на државата по неколку месечни натегања на 17 мај а има рок од 20 дена да ги усогласи ставовите со партиското мнозинство кое го сочинуваат три албански партии ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски