Нови вицепремиери се Никола Тодоров и Никола Попоски
Објавено во: 30 Јуни, 2016
Министрите за здравство и за надворешни работи, Никола Тодоров и Никола Попоски, ќе ја извршуваат и функцијата вицепремиер на Владата.
Двајцата и официјално се назначени за заменици на премиерот, Емил Димитриев, а информацијата е објавена и на интернет-страницата на Владата.
Оваа одлука била донесена на владината седница што се одржа во петокот.
Новото назначување следи по оставката на министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој ја извршуваше и функцијата вицепремиер. Тој се повлече поради здравствени причини.