НОВИЧОК НЕ ЗЕМА ЖРТВА: Скрипаљ заздравува
Објавено во: Свет 06 Април, 2018
Персоналот во болницата во Солзбери извести дека Скрипаљ добро реагира на третманот и „брзо заздравува“. Сергеј Скрипаљ (66) и неговата ќерка Јулија (33) се во болница повеќе од еден месец откако беа најдени во несвест на клупа во Солзбери.
Според владата на Велика Британија Русија стои зад нападот, но Москва негира каква било вмешаност, нарекувајќи ги обвинувањата „ужасни и неосновани“.
Д-р Кристин Бланшард, медицинска директорка во окружната болница Солзбери, рече: „Минатиот четврток информирав дека состојбата на Јулија Скрипаљ се подобри и стана стабилна. Како што вели самата Јулија, нејзината сила расте секојдневно и таа едвај го чека денот кога ќе биде доволно добро за да ја напушти болницата. Секоја шпекулација за тоа кога ќе биде тој датум е токму тоа - шпекулација. Во меѓувреме, Јулија побара приватност додека продолжува да заздравува - нешто што јас ги повикувам медиумите да го почитуваат“.
„Исто така, сакам да ве информирам за состојбата на нејзиниот татко Сергеј Скрипаљ. Тој добро реагира на третманот, брзо заздравува и веќе не е во критична состојба“, рече Бланшард.