НОВО ЦАРСТВО: Оваа држава сака по 200 години да ја обнови монархијата
Објавено во: Свет 29 Јуни, 2017
Грузија, една од најстарите православни земји размислува по 200 години да ја обнови монархијата.
Грузискиот патријарх Илија Втори размислува династијата Багратон да ја врати на тронот.
„Во денешниот свет има многу примери каде монархот царува, а не управува. Тоа се вика уставна монархија. Таквата држава донесува мир“ - вели патријархот.
Според него, тоа нема да се случи брзо, туку треба да се анализа минатото, сегашноста и иднината.
Но, сегашноста не е розова затоа што земјата е во економска и политичка криза, при што претседателот и владејачката партија имаат несогласувања, а Уставот често трпи промени.
Оние кои се поддржувачи на монархија тврдат дека земјата ќе биде постабилна кога ќе има цар отколку претседател.
Но, големо прашање е дали современите Грузијци се „загреани“ за монархија.