Добивај вести на Viber
Во САД направија комбинација од два производи познати по тоа што релативно лесно предизвикуваат зависност. Најновиот производ беше регистриран како трговска марка
Nugtella и бил забележан од страна на корисниците на Reddit.
Производот го комбинира името Nug (висококвалитетна марихуана на жаргон) и името на познатиот бренд Нутела. Американскиот производ, се разбира, нема никаква врска со Ferrero, производителот на Nutella.
Тој се произведува од медицинска марихуана и се продава само со соодветна дозвола. Во Калифорнија употребата на марихуана за медицински потреби е дозволена. Зошто на производителот му требало да ги комбинира токму овие два производа останува неизвесно.
Корисниците на Reddit сепак реагираа негативно.
„Немаме потреба од тоа Nutella да предизвикува уште поголема зависност,“пишува еден од корисниците на порталот.