11 Мај, 2024
0.0578

Обама тврди дека знае зошто Хилари не победила

Објавено во: Свет 15 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Председателот на САД Барак Обама кој наскоро ќе ја напушти Белата куќа, оценува дека Хилари Клинтон не работела во предизборната кампања како тој во 2008 година кога победил.

Според неговите зборови, демократската кандидатка не успеала да се појави секаде и дека поради тоа ги изгубила “белите, неурбани“ гласови.

Во текот на кампањата Обама неколку пати „гостувал“ на митинзите , каде, за разлика од неа, оставил подобар впечаток и обезбедил поддршка во поедини рурални делови како и во клучни држави на средниот запад.

„Начинот на кој ние се организираме политички е нешто што мораме да посветиме повеќе време. Верувам дека имаме подобри идеи, а исто така верувам и дека добрите идеи не вредат ако луѓето не ги слушнат. Еден од проблемите на Демократите е тоа што не стигнавме да ги посетиме сите. А моравме. Мораме да работиме и во провинција, тоа беше клучна ставка во мојата кариера“, оценил Обама.

Тој наведува дека Демократите морале да имаат стратегија за сите 50 држави како би се вклучило целото избирачко тело.

„Знаете јас победив во Ајова бидејќи демографските работи тоа го одредуваа, тоа е затоа што поминав 87 дена во пат и низ најмали градови и окрузи каде мислев дека ќе загубам. На крај, изгубив 20 поени, а моќев 50. Постојат окрузи во кои победив , а во кои тоа не е очекувано. Тоа го успеав бидејќи луѓето можеа да ме видат, слушнат и да добијат чуство дека навистина се борам за тоа“, истакнал Обама.

Претседателот во заминување повикал на нови гласови и нови идеи како во иднина би се обликувала Демократската партија.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена