Обединети нации бара рекордна сума за хуманитарна помош
Објавено во: Свет 02 Декември, 2017
Организацијата на Обединетите нации побара од земјите членки да соберат рекордна сума на пари за хуманитарна помош која треба да биде пренасочена кон повеќе од 90 милиони луѓе погодени од воените конфликти на планетата и бројните закани за опустошување од климатските промени и екстремните временски непогоди.
– Во 2018 година, повеќе луѓе од кога и да е ќе имаат потреба од нашата помош, изјави генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Марк Лoукок.
Потреба од хуманитарна помош ќе имаат 136 милиони луѓе во 26 земји, или пет отсто повеќе од тековната година. Сепак, ОН не можат да стигнат до сите – главно заради безбедносни причини, како и поради немање соработка со властите или други држави, вмешани во некој конфликт.
Вкупно се побарани 22,5 милијарди долари.