11 Мај, 2024
0.0253

Од две земји зависи стабилноста на регионот

Објавено во: Балкан 24 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Рускиот амбасадор во Сараево, Петар Иванцов во интервјуто кое во саботата го објави бањалучкиот дневен весник Глас Српске вели дека стабилноста во југоисточна Европа зависи од односите меѓу Србија и Хрватска, а тие директно влијаат и врз состојбите во Босна и Херцеговина, оценува. 

Претседателот пак на Република Српска, Милорад Додик во друг настап најави јакнење на врските на ентитетот со Русија.

Рускиот амбасадор Петар Иванцов ги отфрла тврдењата дека неговата земја се меша во внатрешните односи во БиХ преку врските кои ги зацврстила со властите во Република Српска, како и дека со тоа се обидува да го наметне своето влијание на Балканот.

Ставот на Иванцов е дека и самата најава на споменатата воена вежба на Маљача ги подигна тензиите во БиХ и притоа заклучува дека тоа не придонесува за стабилноста на оваа земја.

Иванцов повторува дека Москва се противи на каква и да е интервенција на Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко, а за Русија вели дека на политичарите во БиХ и се обидува да им помогне преки компромис да дојдат до решение на отворените прашања.

Претседателот на ентитетот, Милорад Додик во одвоено интервју за Телевизијата на Република Српска (РТРС) изјави дека верува оти во натамошно зацврстување на односите со Русија, како и дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во јуни ќе ја посети Бања Лука. Додик појаснува дека Лавров оваа покана „ја запиша во својот нотес“.

Додик претходно седмицава во Белград се сретна со Лавров, а во интервјуто рече дека разговарале за „непотребното ширење на антируската хистерија во регионот и во БиХ“.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ВУЧИЌ СО ЧЕСТИТКА ДО СИЛЈАНОВСКА - ДАВКОВА: Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија

ВУЧИЌ СО ЧЕСТИТКА ДО СИЛЈАНОВСКА - ДАВКОВА: Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“