29 Април, 2024
0.0243

Од ноќеска Земјата живее од своите резерви

Објавено во: Стил 13 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Од ноќеска човештвото троши повеќе ресурси отколку Земјата, пишува „Монд“, повикувајќи се на невладината организација „Глобал футпринт нетворк“ (Global Footprint Network).

Таа прави пресметки врз основа на податоците од ОН за колку време човештвото исцрпува секоја година обновливи ресурси и колку време и треба на Земјата, за да ги неутрализира неговите отпади, вклучувајќи ги и стакленичките гасови. На овој начин организацијата ја одредува секоја година на денот кога еколошка трага на човештвото го надминува природниот биокапацитет на планетата. За 2015 година „денот на претерувањето“ е 13 август.

Секоја година овој датум се префрла три дена порано во календарот. Во 1975 година беше на крајот на ноември, а во 2005 година - на почетокот на септември. „Иако нашата пресметка е приближна, сепак, покажува дека Над потенцијалот е значителен. Човештвото продолжува да ја зголемува потрошувачката на ресурси, иако живее на кредит“, изјавил основачот на организацијата Матис Вакернагел кој е творец на математичкиот модел. Од „денот на претерувањето“ човештвото престанува да служи еколошки долг и го остава да расте. Тој се плаќа со уништувањето на шумите, исцрпување на ресурсите од вода, намалување на биодиверзитетската акумулација на отпад и концентрација на стакленички гасови.

Како забрзувачки фактор во последните години се истакнува експанзијата на населението и зголемувањето на нивото на живот во земјите од БРИКС - Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Во моментов човештвото има потреба не од една, туку од 1,6 планети. За да одговорат на потребите, на Кинезите им требаат 2,7 Кини, на Французите - 1,4 Франции, на Американците - 1,9 Америки, на Индијците - 2 Индии, на Грците - 2,6 Грции, на Британците - 3 Великобритании, на Швајцарците - 3,5 Швајцарии, на Италијанците - 3,8 Италии, а на Јапонците - 5,5 Јапонии. Ако трендот продолжи, во 2030 година на човештвото ќе му требаат 2 планети за да ги задоволи своите потреби.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти