29 Април, 2024
0.0266

ОДЛИЧНИ ДЕЛОВНИ ПЕРФОМАНСИ И УСПЕШНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ ВО 2016 НА ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ

Објавено во: Мои пари 12 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

На 11 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на акционери на Охридска банка Сосиете Женерал. Акционерите ги потврдија и усвоија успешните резултати и финансиските извештаи од работењето на Банката за 2016 година.

Охридска банка Сосиете Женерал континуирано ги имплементира стратешките приоритети на своето делување, со особена посветеност и фокус на потребите на клиентите од деловниот сектор и секторот население.  Како резултат на развојот на активностите, преку зајакнување на приходите и преку контролирање на трошоците, во 2016 година Банката оствари нето добивка од работењето во износ од 435 милиони денари што е за 8,9% подобар резултат од оној постигнат во 2015 година.

Билансот на состојба на крајот на 2016 година изнесува 36 милијарди денари со тренд кој е во рамките на планираните достигнувања, забележувајќи пораст од 8,1% во однос на 2015 година и зголемено пазарно учество од 7,8% (2015) на 8,1% (2016).

Остварениот кредитен раст од 10,7% е неколкукратно повисок од растот на вкупните кредити во банкарскиот сектор кој изнесува 1,2%, со што Банката го зголеми своето пазарно учество од 8,3% (2015) на 9,1% (2016) според вкупни кредити.

Депозитите од клиенти остануваат примарен извор на финансирање и бележат континуиран пораст кој за 2016 година изнесува 12,5% што е повеќе од двојно повисок од реализираниот на ниво на банкарски сектор (5,4%). Истовремено, пазарното учество кај оваа категорија е зголемена од 7,4% (2015) на 7,9% (2016).

“Изминатата 2016 година не беше лесна година, каматните стапки беа пониски дури и од годината пред тоа, странските инвестиции се намалија уште повеќе, политичката криза се продлабочуваше, стабилноста на девизниот курс  и депозитите беше предизвик, конкурентите беа поагресивни од претходно, додека  регулаторите ги зајакнаа своите барања. Во вакво опкружување, нашата стратегија беше да се продолжи со трансформацијата започната во 2015 година, понатамошна оптимизација на трошоците, зголемување на ефикасноста, и што е најважно од сé – позиционирање на Банката како модерна и иновативна банка на пазарот. Целиот тим на Охридска банка беше насочен кон остварување на целите и со задоволство можам да потврдам дека сите заедно успеавме да постигнеме одлични резултати. И наша цел не е само да продолжиме континуирано со добри резултати, туку и да го подобриме задоволството на клиентите и да станеме банка која ќе претставува пример за одлични односи со клиентите.” – Изјави Бранка Павловиќ,  Претседател на Управниот Одбор на Охридска Банка Сосиете Женерал.

За Охридска Банка Сосиете Женерал 2016 година е најуспешна за целокупниот период од своето постоење. Во контекст на извонредните резултати и постигнатите финансиски перформанси, Собранието на акционери на Охридска Банка Сосиете Женерал ја усвои одлуката, 10% од остварената нето добивка за 2016 година во еквивалентна вредност од 43,4 милиони денари или 99 денари бруто износ по акција, да биде исплатена како дивиденда на сопствениците на акции.

Банката прерасна во референтна банка за клиентите, која континуирано го зголемува својот удел на пазарот во сите сегменти. Наградата „Најдобра банка во Македонија за 2017“ од реномираниот Global Finance, која го потврди напредокот и постигнатите резултати на Банката, се надоврза на трите награди добиени во 2016 година од афирмираните институции и реномираните финансиски магазини Global Finance, Euromoney и The Banker.  

Банката и во 2017 година продолжува со своите заложби да ја модернизира и усоврши оперативната ефикасност, да го искористи потенцијалот на пазарот, да воведе нови иницијативи и иновации во сите сфери на делување и да остане посветена на јакнењето на задоволството на индивидуалните и на корпоративните клиенти како нивен посветен и одговорен партнер и да прерасне во најпрепорачана банка од страна на клиентите.

Можеби ќе ве интересира

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика