11 Мај, 2024
0.0311

ОДМОР СО КОЛА: Каде не ви треба меѓународна возачка дозвола?

Објавено во: Економија 26 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Да­ли тре­ба свет­ла­та на ав­то­мо­би­лот да се вклу­че­ни де­ње, ми тре­ба ли реф­лек­ти­рач­ки елек и про­тив­по­жа­рен апа­рат, ка­де да то­чам бен­зин, кои до­ку­мен­ти ми се пот­реб­ни... Ова се дел од пра­ша­ња­та што си ги пос­та­ву­ва се­кој во­зач пред да трг­не на ле­тен од­мор со ав­то­мо­бил во стран­ство. И не без при­чи­на, би­деј­ќи ако прет­ход­но доб­ро се за­поз­на­е­те со со­об­ра­ќај­ни­те пра­ви­ла и про­пи­си во зем­ја­та ка­де што ќе ле­ту­ва­те и од­нап­ред го ис­пла­ни­ра­те па­ту­ва­ње­то, мо­же да заш­те­ди­те вре­ме, па­ри и нер­ви.

На­јо­ми­ле­на дес­ти­на­ци­ја на ма­ке­дон­ски­те ту­рис­ти е Гр­ци­ја, ка­де што и нај­мно­гу па­ту­ва­ат со соп­ствен пре­воз по­ра­ди бли­зи­на­та и доб­ри­те ав­то­па­тиш­та. Во пос­лед­но вре­ме се е по­го­лем бро­јот на тие што за­ми­ну­ва­ат на од­мор и во Ал­ба­ни­ја, а Ма­ке­дон­ци­те се тра­ди­ци­о­нал­ни гос­ти и во ле­ту­ва­лиш­та­та во Тур­ци­ја и во Цр­на Го­ра. Од зем­ји­те во ре­ги­о­нот, мно­гу по­се­ту­ва­ни се и ту­рис­тич­ки­те мес­та во Бу­га­ри­ја и во Ср­би­ја.

Во ни­ту ед­на од овие зем­ји за ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни не е пот­реб­на ви­за за влез, а во Ср­би­ја, Ал­ба­ни­ја и во Цр­на Го­ра мо­же да вле­зе­те и са­мо со би­о­мет­ри­ска лич­на кар­та, но са­мо ако пре­ку нив са­мо тран­зи­ти­ра­те и па­ту­ва­те во тре­та зем­ја, гра­ни­ца­та мо­ра да ја по­ми­не­те со па­сош. Пред да трг­не­те на па­ту­ва­ње над­вор од др­жа­ва­та со во­зи­ло, под­гот­ве­те ги си­те не­оп­ход­ни до­ку­мен­ти. За­дол­жи­тел­но ќе ви тре­ба­ат ме­ѓу­на­род­на во­зач­ка доз­во­ла и зе­лен кар­тон (оси­гу­ру­ва­ње.

Од зем­ја до зем­ја за­ви­си как­ва до­пол­ни­тел­на оп­ре­ма мо­ра да има­те во ав­то­мо­би­лот и кои про­пи­си мо­ра да ги по­чи­ту­ва­те. Во си­те зем­ји, без ис­клу­чок е заб­ра­не­то да збо­ру­ва­те на мо­би­лен те­ле­фон до­де­ка во­зи­те. Kаз­ни­те се дви­жат од 25 ев­ра во Бу­га­ри­ја до 100 ев­ра во Гр­ци­ја. Ос­вен во Ал­ба­ни­ја, во дру­ги­те зем­ји мо­же да ко­рис­ти­те хендс­ри-слу­шал­ки. Ис­то та­ка, се­ка­де мо­ра да се вр­зу­ва­те со ре­ме­ни, а дет­ски­те се­диш­та не се за­дол­жи­тел­ни са­мо во Цр­на Го­ра. Сред­ни­те свет­ла де­ње не мо­ра да би­дат вклу­че­ни во Гр­ци­ја и Тур­ци­ја, а во Ал­ба­ни­ја мо­ра да ги вклу­чи­те са­мо во ус­ло­ви на ло­ша вид­ли­вост. Ако па­ту­ва­те во Тур­ци­ја, во ба­гаж­ни­кот мо­ра да има­те два три­а­гол­ни­ка, а ку­ти­ја­та за пр­ва по­мош е дел од оп­ре­ма­та што мо­ра да се има ка­де и да па­ту­ва­те. Реф­лек­ти­рач­ки­от елек не е за­дол­жи­те­лен во Гр­ци­ја и во Тур­ци­ја, а про­тив­по­жа­рен апа­рат не­ма да ви ба­ра­ат срп­ска­та и цр­но­гор­ска­та со­об­ра­ќај­на по­ли­ци­ја.

Ед­на од по­важ­ни­те став­ки ко­га се пла­ни­ра од­мор со соп­ствен пре­воз е тро­шо­кот за го­ри­во. Има го­ле­ми раз­ли­ки во це­ни­те од др­жа­ва до др­жа­ва, па за­тоа тре­ба доб­ро да се ис­пла­ни­ра ка­де ќе се то­чи го­ри­во. Со па­мет­но пол­не­ње на ре­зер­во­а­ри­те мо­же да заш­те­дат па­ри кои ќе ги пот­ро­ши­те на ва­ше­то ле­ту­ва­ње, а гру­ба­та прес­мет­ка по­ка­жу­ва де­ка заш­те­да­та мо­же да би­де до 20 ев­ра по ре­зер­во­ар.

За ма­ке­дон­ски­те во­за­чи нај­ев­ти­но е да пол­нат го­ри­во на до­маш­ни­те бен­зин­ски пум­пи. Ова осо­бе­но се од­не­су­ва ако се оди за Гр­ци­ја, за ка­де што нај­доб­ро е да обез­бе­дат до­вол­но го­ри­во за оде­ње и за вра­ќа­ње или да ја тем­пи­ра­ат пот­ро­шу­вач­ка­та та­ка што ре­зер­во­а­рот ќе го до­пол­нат штом пов­тор­но ќе вле­зат на ма­ке­дон­ска­та стра­на од гра­ни­цата.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили