02 Мај, 2024
0.0249

Охрид и Крушево мрдаат со прст за почиста околина и заштита на животната средина

Објавено во: Мои пари 04 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Граѓанската иницијатива Мрдни со прст продолжува со активностите за покревање на јавната свест за индивидуалниот придонес и одговорност при решавање на општествените прашања со кои граѓаните се соочуваат во своето секојдневие.

Имено, на 2-ри август во рамките на еко велосипедската рекреативна тура “Tour De Lakes” која во еден ден ги обедини Охридското Езеро, Преспанското Езеро и Галичица, 150 велосипедисти и бројни љубители на велосипедизмот и забавата, одговорно мрдаа со прст со цел зачувување на животната средина и собирање на отпадот на 150 и 90 km стази и охридските плажи.

Велосипедистите беа опремени со специјални ранчиња во кои тие можеа да го сочуваат својот отпад во текот на возењето, а по завршувањето на долгиот предизвик се придружија на околу 600 посетители на почетната точка од турата на охридската плажа „Кј Дивоно” (Gorica Beach) на само еден километар од Охрид, каде преку забава ја чистеа плажата и уживаа во прекрасниот празничен ден покрај Охридското Езеро. Атмосферата ја загреа DJ Panco кој со својот DJ настап помогна во мрдањето на прстите на голем дел од присутните, но и на изморените велосипедисти кои што по завршувањето на турата се опуштија на плажата.

Мрдни со прст ќе ги размрда посетителите на фестивалот “Outdoor Festival When in Krushevo”( https://www.facebook.com/events/1245124762283167/), кој ќе се случува овој викенд од 4-ти до 6-ти  август на Крушевското Езеро. Сите посетители ќе мрдаат со прсти за прекрасната природа околу Крушевското Езеро каде што и се одржува фестивалот, а истите ќе учат и на дело ќе покажат дека со селекција на отпадот ќе се намали ѓубрето во природата. Целта е да се покаже дека и после голем фестивал каде што има и камп може природата да остане незагадена и чиста. Покрај тоа, Крушевчани, но и сите посетители од цела Македонија ќе имаат можност покрај грижата за природата да се забавуваат со Фолтини други познати DJ-и кои ќе го надополнат спортско – рекреативниот викенд во кој ќе се вози велосипедскатура и ќе се одржи планинско трчање.

Со овој настан Мрдни со Прст продолжува со активностите за подигнување на свеста на граѓаните за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец.  ,,Tи си на потег” како слоган  на кампањата го повикува секој граѓанин да даде своја идеjа, да се вклучи и да реализира активности со цел да направи одреден придонес во заедницата во која живее.

Повеќе информации за тоа како секој може да се вклучи, а воедно и детали околу предходните и следните активности на Мрдни со Прст се достапни наwww.mrdnisoprst.mk, како и на Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор