28 Април, 2024
0.0282

Отворен тренинг во недела, кај Школка во Градски парк

Олимпико и CrossFit Скопје вежбаат со „дамперски“ гуми

Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Салонот за гуми Олимпико, во партнерство со првиот и единствен официјален крос-фит клуб во Македонија – CrossFit Скопје, за викендов најавуваат невообичаен отворен тренинг за сите заинтересирани кои ќе дојдат во скопскиот Градски парк. Настанот ќе се одржи во недела, 28 мај, кај “Школката” во градскиот парк, во 12,00 часот, каде што момците и девојките од Олимпико и од CrossFit Скопје под ведро небо ќе изведуваат специфични и рекреативни вежби, со музика и забава за која е задолжен DJ Здравко.

Предизвикот кој им го задава Олимпико на крос-фит експертите ќе биде вежба со огромни “дамперски” гуми, кои што тежат по 215 килограми! Како ќе се справат, останува да видиме.

“Со задоволство ги покануваме сите заинтересирани заедно да вежбаме во парк, кај Школката, точно на пладне во недела. Низ тешки, но интересни вежби ќе се обидеме да доловиме како изгледа еден наш вообичаен тренинг”, вели Ненад Милошевиќ, професионален тренер од клубот CrossFit Скопје.

Од друга страна, Олимпико на сите заинтересирани ќе им стои на располагање за сè што би можело да ги интересира за автомобилски и друг тип гуми, при што најавуваат и многу изненадувања и награди.

“Во Месецот на Олимпико, покрај тековните акции, како што е подарок повеќенаменски компресор за пумпање за купени комплет од четири гуми, за нашите потрошувачи обезбедуваме специјални цени, поволности и други подароци за сите купени производи од семејството на Michelin, каде што се вбројуваат и пневматиците на BFGoodrich, Kleber и на Tigar”, велат одговорните во Олимпико.

Притоа, од таму посочуваат дека деновиве се актуелни и по уште една активност, овој пат на социјалните мрежи, насочена кон подигање на свеста кај возачите и нивната грижа за животните на улица, без оглед дали станува за збор домашно или маалско милениче.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг