03 Мај, 2024
0.0291

Оливер Спасовски: Сензационализмот не е основа на водење на истраги

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска ја оцени како сензационалистичка истрагата предводена од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев која заврши со заплена на еден килограм кокаин во магацин за банани во скопското село Крушопек, каде што како трајна дестинација требало да бидат испорачани 1,3 тони од дрогата.

- Не е важно кога и со кого се води одредена истрага, туку е важно со каков кредибилитет тоа ќе го правите. И да знаете дека сензационализмот не е основа на спроведување на истраги и на акции.  Во секоја истрага мора да има сериозна кредибилност и лична одговорност на оној кој што раководи со органот кој ги води истрагите е врвен приоритет, рече Спасовски на денешната прес-конференција со претседателот на парламентарната група „Renew Europe“, Дациан Циолос 

Спасовски смета дека информациите на Чулев во јавноста биле избрзани и со тоа била нарушена сеопфатната акција, која заврши со истрага за двајца осомничени и притвор за едно лице.

- Важно е да завршите и на крајот кога ќе завршите тоа да го изнесете пред јавноста и да кажете што е направено. Не е важно да избрзате и да кажете пред јавноста „имам сензација“ а со тоа допринесувате да се загрози истрагата

Не може во одреден момент истрагите да се водат во јавност и преку медиумите, туку треба да се завршат и да се обезбедат докази. Тие кои што причиниле кривично дело да се најдат пред лицето на правдата и правилно да биде информирана јавноста, дополни Спасовски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?