29 Април, 2024
0.0300

Корпоративниот успех носи обврска за вложување во општествено одговорни практики

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ СТАНА ГЛОБАЛНА ИДЕЈА

Објавено во: Мои пари 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

И Македонија не е исклучок од овој глобален процес бидејќи и кај нас општествената одговорност се повеќе станува императив на компаниите, особено оние успешните, кои дел од профитот кој го остваруваат го враќаат на заедницата

Во последните децении општествената одговорност стана деловен императив и глобална идеја, а општествено одговорната работа и одржлив развој станаа своевидно светско движење. Основната идеја е дека ниту една компанија не учествува во своите активности во некој изолиран простор туку со својата работа станува значаен дел на општествената целина. Токму затоа од претпријатијата се очекува, освен грижа за остварување профит и деловни активности, да водат сметка и за околината и општеството каде делуваат во целина.


Денес општеството има грижи и интереси кои не значат исклучиво брз стопански раст. Тоа се пред се грижа за квалитетот на животот и заштита на животната средина, односно намалување на различните негативни фактори кои настануваат со вршење на деловниот процес. Токму во тоа и најмногу е забележлива и опшествената одговорност која подразбира економска успешност на компаниите со истовремена општествена одговорност за заштита на природните и човечките потенцијали. Општествената одговорност на компаниите се манифестира преку активни мерки за заштита на околината, различни општествени донации, развој на човечкиот потенцијал и давање на еднакви можности на сите вработени, преку трансфер на знаење и технологии, заштита на потрошувачите и многу други мерки насочени кон подигање на нивото на одговорност кон општеството.

Секоја година расте и бројот на домашни компании кои вложуваат во општествено одговорни практики.

Компанијата Жито Лукс, како една од поголемите компании кои се општествено одговорни, последен таков проект е донацијата за две институции кои се грижат за здравјето на децата, а врзано за респираторни проблеми – за  Клиниката за детски болести и за Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле. Општествено одговорна компонента ја покажаа со тоа што средствата обезбедени од 70 годишниот јубилеј ги пренасочија во донација обезбедувајќи и на Клиникатаинхалатори и спирометри,односно дијагностички апарати за рано откривање на респираторни заболувања како и на можни алергиски компликации кај децата, додека Институтот од Козледоби апарат за рано откривање на туберкулоза. Секоја донација која општествено одговорните компании успешно ја донираат е исклучително значајна, собено што расте бројот на лица со појава на  респираторни инфекции, од кои најмногу страдаат најмладите, а донираната опрема ќе овозможи навремена детекција на ваквите проблеми кај децата, и ќе помогне за нивно санирање.

Ваквата пракса на помош на заедницата во најразлични аспекти е секогаш широко поздравена и општеството очекува дека и други компании ќе ги следат овие чекори. Зашто, за општеството да напредува, поволните и конкурентни бизниси мора да се развиваат и да поддржуваат создавање на приход, богатство, даночен приход, како и можности за филантропија. Водени од моделот на општествено одговорни, поголемите компании во Македонија, моделот на заедничката вредност го базираат на идејата дека корпоративниот успех и социјалната заштита се меѓусебно зависни, односно дека секој бизнис има потреба од здрава, образована работна сила, одржливи ресурси и вешто владеење за поефикасно да се натпреварува на пазарот. Кај нас општествената одговорност се повеќе станува императив на компаниите, особено оние успешните, кои дел од профитот кој го остваруваат го враќаат на заедницата. За да се промовира општествената одговорност, Министерството за економија во 2007 година формираше национално Координативно тело за општествена одговорност на претпријатија и веќе десет години по ред доделува национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија.

ОКТА, Филип Морис или Жито Лукс, се само дел од оние компании кои секоја година значителни средства издвојуваат за да помогнат со проекти врзани за подобрување на условите во образованието, здравството, социјалната заштита, заштита на животната средина и други области кои имаат потреба од поддршка. 


Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024