10 Мај, 2024
0.0263

Општина Илинден ќе биде дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Објавено во: Мои пари 05 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Работилници против врсничко насилство ќе се одржат и во Општина Илинден, која што се приклучува на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Учениците кои што посетуваат настава во образовните установи во оваа скопска општина, ќе се стекнат со знаења за булингот. Овие едукативни средби ги предводи психолог со практично искуство на темата и работа со лица кои што се соочиле со врсничкото насилство. Александар Георгиевски, градоначалник на Општина Илинден и Марија Јосифовска-Спасовска, член на управен одбор и директор во „Макпетрол“ потпишаа меморандум за соработка.

- Кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ вклучува повеќе сегменти, од комуникациски материјали до едукативни работилници. Сите тие се значајни и на свој начин придонесуваат да се зголеми интересот за булингот, меѓутоа, тоа што нам ни е особено драго, е препознавањето на вредностите на оваа наша активност и желбата во неа да се приклучат чинители од сите делови од Македонија. Тоа потврдува дека идејата за една ваква кампања е вистинскиот пристап за зголемување на интересот за одредени општествени проблеми, но и за обезбедување поддршка на заедницата, особено на децата и на младите. Општините и нивните образовни установи, како наши партнери, стануваат дел од кампањата, а учениците, заедно со останатите што се вклучени во едукативниот процес, со наша поткрепа придонесуваат да се подобри ситуацијата со врсничкото насилство - вели Јосифовска-Спасовска.

Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево од почетокот на годинава се приклучија во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. До крајот на 2023 компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров. Вкупно 16 општини и нивните училишта досега станаа дел од „Крени глас против врсничко насилство“. Во рамки на кампањата неколку илјади ученици од над 40 училишта веќе се здобија со знаења за булингот преку работилниците со психолог. Во останатите истите се во тек и ќе се одржуваат во периодот што следува.

Учениците, како и стручните служби, во текот на работилниците ги разгледуваат повеќето аспекти на булингот. Притоа, младите, наставниците, но и психолозите и педагозите, се запознаваат со формите на врсничко насилство, како што се физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството. Една од клучните цели на овие едукативни средби е тоа што стручните служби имаат прилика да се стекнат со знаења кои што потоа можат да се применат во секојдневната настава. Како и во останатите општини, така и во Општина Илинден „Макпетрол“ ќе испечати и достави и едукативен материјал за булингот.

Носечки дел на кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ е вебсајтотkreniglas.mk. Оваа интернет-платформа содржи детални информации, совети и искуства кои што можат да помогнат булингот да се препознае, учесниците со него полесно да се соочат, како и потенцијално да се дојде до решенија на проблемот. Кога е во прашање оваа тема, анонимноста е особено значајна. Со таква можност, без да го открие својот идентитет, секој што сака или чувствува потреба, може на вебсајтот да ја раскаже својата приказна поврзана со булингот.

„Макпетрол“ со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ остварува еден од своите страешки приоритети - општествената одговорност. Преку пораката „Стоп за булинг“ компанијата цели кон поттикнувањето на дискусијата и зголемување на интересот за проблемот со врсничкото насилство. Голем број општини и образовни установи од сите делови на земјата веќе ги препознаа овие вредности и активно се приклучија во кампањата.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори