29 Април, 2024
0.0265

Опуштени разговори во роаминг за сите корисници на Вип тарифните модели 

Објавено во: Мои пари 21 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Во пресрет на новогодишните и зимски празници, оне.Вип со задоволство ја објавува својата услуга со која сите корисници на Вип тарифните модели кои патуваат во странство ја добиваат можноста за уште поголемо уживање во комуникацијата и за само 9,9 ден./минута да зборуваат кон сите мрежи во Македонија.

За да зборуваат по оваа цена, единствено што треба да направат корисниците е да го внесат кодот *123* пред телефонскиот број што го повикуваат и знакот # на крајот (пример *123*389XXXXXXXX#). Повикот ќе биде воспоставен откако корисникот го добие и прифати повратниот повик.

Понудата е автоматски достапна за сите корисници на Вип припејд и Вип постпејд тарифните модели без дополнителни трошоци за активација и се валидни до 29 февруари 2016 г.

Освен разговори од странство за 9,9 денари минута, корисниците на Вип постпејд тарифни модели ќе можат безгрижно да сурфаaт при престојот во која било земја во Европа. Преку активирање на Vip Roam Surf S пакетот со коj за 399 денари, корисниците добиваат 20МB мобилен интернет во странство или Vip Roam Surf M пакетот со кој добиваат 50МB за 699 денари, a можат да ги користат во текот на 30 дена од моментот на активација. По искористување на интернетот вклучен во секој од пакетите, корисниците можат да продолжат да сурфаат по значително намалени цени или да извршат повторно активирање на еден од понудените пакети. Пакетите можат да се активираат од земјава или од странство, преку СМС на бројот 140 999, со текст START SURF M или START SURF S во зависност од избраниот пакет.

Дополнително, корисниците на Вип постпејд тарифни модели што зимскиот одмор ќе го поминат во некоја од земјите од Телеком Австрија Групацијата, можат да активираат и интернет роаминг пакети со 10 пати повеќе вклучен сообраќај преку партнерските оператори во Австрија, Словенија, Србија, Хрватска, Бугарија, Белорусија и Лихтенштајн. Овие пакети може да се активираат со испраќање СМС порака на 140999 со текст START SURF 200 за пакет од 200 MB за само 399 денари или СМС порака на истиот број со текст START SURF 500 за пакет од 500 MB за само 699 денари.

За повеќе информации за оваа понуда корисниците можат да ја посетат веб страницата www.vip.mk или да се јават во контакт центарот на 077 1234.

Можеби ќе ве интересира

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид