Орбан пристигнува во Хрватска - зошто има предупредување за граѓаните?
Објавено во: Балкан 03 Декември, 2018
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан денеска доаѓа во Хрватска по повод одржувањето на самитот на Средноевропската иницијатива, пишува „Индекс.хр“.
Полицијата даде посебно предупредување на граѓаните на Загреб по повод одржување на овој самит. Предупредува на голема гужва.
Хрватска до Орбан има неколку отворени прашања во врска со поранешниот премиер, Иво Санадер.
Со самитот завршува едногодишното хрватско претседателство со СЕИ, а хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ќе биде домаќин на свечената вечера за учесниците на состанокот во загребскиот хотел „Еспланаде“.
СЕИ е формиран во 1989 година во Будимпешта, а денеска членуваат Македонија, Албанија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Хрватска, Италија, Унгарија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија и Украина.
Претседателството на СЕИ од Хрватска ќе го преземе Италија.