19 Март, 2024
0.0251

Организации на земјоделците, фактор на конкурентност на земјоделството

Објавено во: Колумни 21 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

  Формирањето на организациите на земјоделците пред се зависи од  нивната иницијатива и мотивација. Кај нив  претежнвуа претпоставката при зачленувањето, дека нема да има ризик во производствениот процес и во реализацијата на производите, како и стабилизација на производните услови и можности.

  Во услови на динамична и високо конкурентна средина видливите промени во развој на земјоделството претставуваат нов пристап и принципи при реализацијата на стопанската активност. Најголем број од производителите во земјоделството немаат или имаат ограничен пристап до пазарите на ресурсите, до финалната продукција како и до информациите за новите производни технологии и праксата. Врските со останатите учесници во призводниот синџир се препорачани од непостоењето на адекватни пазарни структури и увид во стопанските активности. Тие се сериозни причини за забавување на пазарната интеграција и во хоризонтален и во вертикален правец.

  И покрај очигледните трудности во последните години се очекуваше да се формираат и кај нас организации на земјоделци кои се претпоставка за одржливо формирање на економски врски во земјоделството, пораст на рентабилноста  и гаранција за стабилни приходи на земјоделските стопанства. За жал, тоа не се случува со производни организации на земјоделците, туку настанаа извесен број кооперативи чие влијание во развојот на земјоделството е незабележително. Да се откријат причините за тоа и можностите да се промени состојбата на подобро се потребни истражувања како што се:

-анализа на суштината на организациите

-релациите помеѓу неокласичната и новата институционалната теорија и пракса, односно врска помеѓи организационата форма и ефективноста

-да се предложат решенија и препораки, како да се настапува понатаму и какви се можностите и кај нас да се формираат производни организации (задруги, кооперативи и слично)

  Кај нас нема скоро никакви истражувања во земјоделската економика но и во овој сегмент, затоа ќе се обидам да ја претставам суштината на организацијата на земјоделците и некои теоретски поставки.

  Организациите на змејоделските производители претставуваат групи производители формирани на територијален или производен принцип по иницијатива и доброволен избор на самите производители кои имаат специфични долгорочни цели и независно од правната форма членовите на организацијата работат колективно за нивното остварување.

  Формирањето на организацијата на земјоделците претставува подобрување на економскиот статус на членовите, долгорочни позиции на пазарот, ефективно организирање на производството, маркетинг и реализација на земјоделските производи. Согласно со воспоставените (прифатените) управувачки и административни потфати, земјоделските производители можат да сметаат за полна реализација на нивното производство, пазарни истражувања  и приспособување кон барањата на пазарот, подобрување на квалитетот на производството, договор за праведни цени со добавувачи и побарувачи. Договорените меѓусебни разбирања осигуруваат конкуретнтни пазарни позиции, траспарентност на трговската дејност, протекционизам во интерес на земјоделците.

  Изучувањето на постојните организации и нивното приспособување кон промените и динамиката во земјоделството бара средства и квалитетни анализи, кои јасно ќе го одразува развојот на индивидуалните земјоделски производители. Важна променлива форма која учествува во таа анализа е организационата форма и постојните договорени меѓусебни разбирања.

  Традиционалната неокласична теорија опфаќа само некои аспекти на ефикасноста и нејзиното влијание врз економскиот развој. Трасформацијата на производните фактори може да се координира како во рамките на индивидуалното стопанство, така и хиерархиски поставената организација или други хибридни договарања. Дефинирањето на ефективните граници во економската литература се базира на два елементи: трансакционите трошоци поврзани со организационата форма и економиите кои ја определуваат технички оптималната големина на производството. Новата институционална економија ги одредува границите на постојните организациони форми, почитувајќи ја нивната внатрешна структура и деловите за учество. Се бара онаа форма на производната организација, кај која трансакционите трошоци се минимални. Таа претпоставува само влезни ресурси да се искористени оптимално, но и да се високо специјализирани и искористени во соодветна фаза на произвоство.

  Истражувањата преку анализи на факторите кои што ја формираат средината во која земјоделските производители ја развиваат својата стопанска активност, како и можностите и ограничувањата кои ги предвидуваат се откриваат две нивоа:  на ниво на организација на земјоделските призводители се користи “Теорија на приципалот и агентот” и  “Теорија на трансакционите трошоци”. Тие аграрни структури се разгледуваат како специфичен избор на договорни односи и алтернативи на остварување на директна размена. Прашање  на индивидуален избор  е дали земјоделските призводители  ќе решат да организираат заедничка реализација на готовата продукција или самостојно ќе бараат можности за излезот на пазарот. 

  На ниво на земјоделски производители за утврдување на нивната ефективност се користи пристап без параметри (Coelli et al.1998) или “Анализа со опфат на податоци”. Анализата не бара претходни дефинирани производни фукции. Предностите над параметрискиот потфат е можноста да се манипулира истовремено со производните ресурси и крајните резултати претставени во различни мерни единици.

Методот се базира на детерминирачки пристап, кај кој сите отстапувања од определена производна граница се поврзува со неефективноста.

  Ефективноста на земјоделското стопанство обикновено претставува можноста  да се произведе максимална количина краен производ при фиксирани нивоа на производни фактори, или техничка ефективност на крајниот производ. И обратно, при претпоставено ниво на очекуван краен производ, да се минимизаат користени ресурси или техничка ефиаксност на производните ресурси. Двете поставки се еднакво важни при исполнет услов за постојана економија, кога ќе се прифати дека стопанските единици функционираат во својата оптимална големина. Вистина е дека, надворешните фактори како нелојална конкуренција, државна регулатива и друго можат да бидат причина производството да биде под оптималниот капацитет.


Проф. Д-р. Борис Анакиев Проф. Ромина Кабранова

Можеби ќе ве интересира

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?